Економското училиште „Јовче Тесличков“ победник на национален натпревар за ученички компании (фото)

Петар Печков

На националниот натпревар за Ученички компании ученичката компанија „Уника Спера“ од економското училиште „Јовче Тесличков“ од Велес, го освои првото место. Учениците Симона Андовска, Мартина Стојкова, Сара Ѓорѓиевска, Анастасија Андовска сите ученички во трета година и Аријан Амзи ученик во втора година,  под менторство на професорите Васко Трајковски, Сандра Пановска и Радмила Андовска, на натпреварот понудија производ ,,рингобит,,  кој содржи бројки и математички операции, наменет за стекнување и подобрување на математички вештини.

Учениците покажаа голем интерес, ентузијазам и особена креативност. Заеднички учествуваа во изборот на дејноста, називот на компанијата, мото, лого, и ја прифаќаа секоја критика насочена кон успех во работата.Трудот на учениците, на крајот, резултираше со освојување на првото место на националниот натпревар, пред сè поради иновативноста на производот, изгледот на штандот, тимскиот дух и презентациските и продажни способности на учениците - рече Васко Трајковски ментор на програмата. 

Учениците создадоа РИНГОБИТ- ротирачки eco – friendly производ кој ќе има значително влијание во математичкото образование на децата, намалувајќи ги потешкотиите кај децата со посебни потреби, предучилишна и училишна возраст. Боите на броевите - црвена, жолта и сина, се избрани со цел полесно распознавање од страна на корисникот, а 3Д формата ќе овозможи препознавање со допир.

Натпреварот се организира  за првпат годинава од   Џуниор Ачивмент Македонија а се одржа на 18 мај 2018 во Скопје,Со изборот на најдобрата компанија „УникаСпера“, Република Македонија ќе учествува на Европското финале на најдобри ученички компании кое ќе се одржи од 16 до 19 јули во Белград, заедно со финалистите од 36 земји членки на Џуниор Ачивмент мрежата.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати