Еко инцидент на езеро Младост, мрсни дамки пловат по водата

Петар Печков

Мрсни дамки пловат по крајбрежјето на езерото Младост. Забележани се вчера, во понеделникот претпладне, во должина од околу 200 метри. Се наоѓаат покрај плажите во централниот дел на езерото, помеѓу бродот- хотел и уредената плажа.  По реакциите дека има угинато риба, на местото увид извршиле од Здружението на спортски риболовци, кои стопанисуваат со рибниот фонд  од оваа водена акумулација.

Има голема мрсна дамка, која е во крабрежниот дел и тоа на локациајта каде водата ја користат капачи. Нема угинато риба, тоа го констатиравме на лице место, едно или две парчиња може да се заборавени од рибар, или од претходно. Повеќе загрижува што и покрај мрсната дамка, вчера попладне имаше капачи во водата– изјави Ангел Трајчевски, член на раководството на ЗСР Бабуна.

За еко-инцидентот реагираат и екологистите од ЕД Вила Зора, кои посочуваат дека имало неколку парчиња риба кои пливале по површината, но не и помор.

Ова се случува секоја година, за жал. Мрсната дамка ја имаше а од кого или од што е предизвикана, одговор треба да дадат надлежните. Како еколошко друштво ги информиравме локалните власти - изјави Олгица Наумоска, член на ЕД Вила Зора.

Од локалната власт кратко соопштија дека биле на местото каде е забележана мрсната дамка, но во отсуство на еколошки инспектор не можат да преземат никави мерки, туку за тоа ќе го информираат Државниот инсепкторат за животна средина, тој да постапи. 

Поврзани »

АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

Дали состојбата со ковид-19, го промени начинот на живот кај Вас?

  • да
  • не
Резултати