Елена Тасева победник на 11-тата сладоледијада (фото)

Петар Печков

 На 11-ата по ред манифестација,, Сладоледијада,, победи Елица Тасева која подготви був со јајца. За овој нејзин специјалите телото на птицата беше изработено од ананас и диња, кои беа изрезбани, додека гнездата за јајцата беа тесто за тулумби. За декорација имаше морков, грозје. И оваа декорација според жирито и посетителите, беше прогласена за најуспешна на вечерата.

Второто место и припадна на Анкица Гаштева за ,,морска фантазија,, со корнети, топчиња со фондан, гумени топчиња, сладолед, чоколадни фигури , додека третото место го поделија или заеднички ја освоија наградата учениците од угостителскиот смер на Средното училиште ,,Коле Неделковски, Виктор Мирчевски и Ана Угриновска, со панда и сендвич, заедно со овошниот лебед. 

Целта е да се истакне креацијата на  тие што умеат да работат со сладоледот. Тој е  специфичен за работа оти неговата употреба е за краток  период  Сладоледот го имаме во неограничени количества, според потребите и на натпреварувачките и гостите.  Потоа и дружењето на нашите жени од Здружението- рече Рајна Стојанова претседателка на Здружението на граѓани ,,Креација 2009,,. 

Четворица од учесниците се натпреваруваа по прв пат и за прв пат имаше  ученици од угостителство од ,,Коле Неделковски,,.  Сите учеснички добиваат бесплатна посета на Рилскиот манастир.  Победникот добива бесплатна вечера за двајца во Базен Снупи и пет литри сладолед, вториот три литри и третиот два литри.  Сладоледот за манифестација го обезбеди ,,Милина,, од Прилеп. 

loading...

Поврзани »

loading...
Macedonian butterfly

Македонска пеперутка (Филигран од хартија) Уникатна врамена слика со македонски мотив. http://anicasoleva.com/Handmade/Product/macedonian-butterfly-paper-filigree-framed-picture

Posted by Anica Soleva - Уникатни подароци од хартија on Sunday, January 8, 2017

Дежурство на аптеките (НОЕМВРИ)

АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com