Енис Небиовски е спортист на Велес за 2017 година

Петар Печков

Младиот 17 годишник, Енис Небиовски е спортист на Велес за изминатата година. Тој е кајакар, член    на ККК Вардар,, од Велес и  средношколец, ученик во четврта година во ССУ ,,Коле Неделковски,,. Мината година Небиовски  беше  сениорски и јуниорски  првак во К-1. Тој беше избран од страна на Сојузот на спортови на Велес, во 58 избор по ред. Тој весла кајак девет години. 

Моја животна желба ми е да настапам за Македонија на  некоја од  наредните Олимпијади, во кајак. Можеби уште во Токио. Има   шански, со работа се се постигнува.  Започнав случајно. Живеам поркај Вардар и тренерот  Димче Стефановски помина покрај нашата куќа и ме праша дали сакам да тренирам кајак, се согласив и така започна.   Започна случајно, но еве останав иако кајакот воопшто не  ми беше познат - рееч Небиовски.   

На второ место годинава е Ивица Илиев-ракометар на ГРК Борец, трет е  Љубомир Спасиќ-кајакар член на ККК Гемиџии. 4 место е за Марија Ѓоргиева-од центарот за боречки вештини Будо, 5 место Анѓелина Панова-член на атлетскиот клуб Изгрев, 6 место Драган Ванов-мотоциклист на мото Велес. 7 место Тале Трајков-фудбалер, член  на  ФК Борец од есенва а претходно на футсал тимот на Велес. 8 место е за Сашко Ивковиќ-одбојкар капитен на екипата на ГОК Борец, 9 место Христијан Ванчевски-велосипедист на МВК и10 место Никола Зафирчев-кошаркар на Борец баскет.

За најдобра екипа на годината беше прогласен   кајак клубот Бабуна, пред футсал  клубот Велес и   Младинскиот  Велосипедски Клуб Велес. За тренер на годината беше прогласен  Васил Василев ГРК  Борец.

Признанија добија младите спортисти  и Ѓорги Бановски   -  каратист на Гладијатор, Ненад Антиќ – стрелаштво, Стојанче Илиевски – РК Велес, Ангела Димова – кајакар на Бабуна, Елена Џунова – тенисер, Ѓоре Ѓошевски – кошаркар на Борец баскет, Бојан Владов – одбојкар на Борец, Ане Ташевски – фудбалер на Борец, Енгин Дестанов – член на центарот за боречки вештини Будо,  Јован Васиќ – каратист на Гладијатор, Мартина Борова –одбојкарка на Борец, Кадир Камбери – борач на Борец,  Виктор Ванчевски – велосипедист на МВК, Ангел Петрушевски –кајакар на Вардар, Филип Николов – ракометар на Борец. Во екипна младинска  конкуренција  наградени беа три клуба: Кајак кану клубот Вардар, Младински велосипедски клуб Велес и  Карате клуб Гладијатор.

Тренери во млади категории беа прогласени Христијан Николов - МВК Велес, Димче Стефановски - ККК Вардар. Две признанија беа врачени  на тренери на државни селекции. Боби Војдиновски тренер на македонскиот ката тим на светското првенство во Шпанија и Игор Мицевски од железничарскиот боречки клуб Борец  кој беше дел од државната селекција на европското првенство за пионери во Белград,Србија и на балканското првенство за јуниори во Бурса,Турција.

За амбасадор на велешкиот спорт беше прогласен  ракометниот голман Виктор Гигов. Започнува во Борец, заминува  во Младост Богданци,следи Исланд, враќање во Велес во Тедико,следи  Југ Куманово,следна станица е Цриквеница Хрватска,Аполон Грција.Короса Јужна Кореа,Мерсин Турција,Кајсери и последна дестинација Селка Спор Турција.

На свеченоста која  се одржа пред истекот на 2017-та година беа врачени и посебни признанија

Љубчо Ѓоргиев-член на планинарско друштво Чеплес. Во годината која е зад нас се искачи на Аконкагва-највисокиот врв на Андите 6962метри.На Хималаите ги искачи Гокио Ри 5340 метри,Калапатар 5545 метри и Ајленд Пик 6189 метри.

Зоран Димов –атлетичар на Изгрев кој во 2012 беше спортист на Велес. Зоран го победи годинава најтешкиот маратон по страшната повреда во сообраќајна незгода и долгата борба за нормален од, Зоран повторно го гледаме како трча.

Тодорче Горгиев ,Зоран Дуков и Кире Димов од планинарско друство Чеплес добиваат признание за извонредниот потфат за пронаоѓање на 15 тина загубени планинари од Србија ва врвот Љуботен при тешко време и 5 часовно барање при тешки временски услови нокно време магла и дожд успееја да ја пронајдат загубената група и безбедно да ја однесат групата во планинарскиот дом.  За најуспешен судија се прогласи Боби Војдиновски од карате клубот Гладијатор.  За најдобро организирана манифестација признанието го добива велешкиот атлетски полумаратон. Се одржа по втор пат. За најдобар спортски педагог за 2017 година се прогласува професор Ангелче Гушев од ССОУ Коле Неделковски. За најдобро училиште се прогласува ССУ Коле Неделковски.

loading...

Поврзани »

loading...

Пролетна акција за собирање на габаритен отпад

Општина Велес и ЈКП „Дервен“ веќе осма година по ред организираат „Пролетна акција за собирање на габаритен отпад“. Акцијата започна од понеделникот 16 Април, и ќе трае до 15 Мај. Детали

Macedonian butterfly

Македонска пеперутка (Филигран од хартија) Уникатна врамена слика со македонски мотив. http://anicasoleva.com/Handmade/Product/macedonian-butterfly-paper-filigree-framed-picture

Posted by Anica Soleva - Уникатни подароци од хартија on Sunday, January 8, 2017


АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

2017-та е зад нас. Како ќе ја помните?

  • ми донесе многу убави моменти
  • што поскоро да ја заборавам
  • како и секоја друга
  • имаше и убави и лоши мигови
  • постар сум за една година
Резултати