Ерменската ,,Ардалион,, со Гран при на Фестивалот Стоби

Петар Печков

Претставата Ардалион на Ереванскиот државен театар за пантомима  е добитник на Гран При наградата на 17-тото издание на Фестивалот на античка драма,,Стоби,, за како што наведе жирито ,,вонредната актерска сценска визура според автентичните принципи на атичката мимодрама,,.  Во 50 минутната претстава на движење, танц и пантомима, режисерот Жирар Дадасјан раскажува за патувачките трупи кои се испраќаат по градови, за да ги потсмеваат евангелските приказни и изведуваат антихристијански престави.   

Жирито Николај Круглов режисер од Русија, Мето Јовановски актер и Ана Стојановска театролог за најдобра машка улога наградата му ја додели на   Бекназар Избасаров за улогата на Сенека во претставата  ,,Нерон и јас,, на Регионалниот Руски театар од Казахстан.  За најдобра женска улога наградата ја доби Соња Михајлова на улогата на Јулије Цезар, од истоимената претстава во изведба на Битолскиот драмски театар. Таа напри врачувањето на наградата публиката ја поздрави со  римскиот поздрав ,,Аве,,.   

Радоста споделена е поголема, затоа  со Вас сакам да ја споделам радоста од добиената награда. Не само заради ликот на Јулије Цезар, кој е историски, антички, вон временски, туку и заради овој прекрасен Фестивал кој ја негува античката драма и театар и заради овој амбиент - рече Михајлова. 

Наградените добија статуетки ,,Афродита,,. Награда за режија годинава не беше доделена. Затоа пак имаше две дополнителни награди за најдобар млад актер, за Ирена Илиевска која ја толкуваше Лисистрата во истоимената претстава на велешки театар и  за претставата ,,Кралски копилиња,, од Сашо Димоски на велешки театар за современ сценски израз, каде до израз доаѓаат   видео-дизајнот и анимациите  на Данчо Стефков и Крсте Шупев.

Прашан зошто три од петте претстави во натпреварувачка конкуренција имаше силно насилство и крв, претседателот на организациониот одбор Драган Миладиновски кажа дека имале стеснет простор за избор. ,,Од тоа што имавме можност да избираме, така авторите го виделе античкиот момент,, кажа Миладиновски.

Годинава Фестивалот на античка драма ,,Стоби,, се одржа по 17 пати и по три годишна пауза повторно во локалитетот на античкиот театар  Стоби.

loading...

Поврзани »

loading...

Се наградуваат најубаво украсен излог, двор и тераса

Општина Велес ќе додели награди за најуспешна празнична илуминација по повод новогодишните и Божиќните празници:

  • Најубав излог
  • Најубав двор
  • Најубава тераса.

Наградата е во паричен износ од 15.000 денари за секоја категорија.


Macedonian butterfly

Македонска пеперутка (Филигран од хартија) Уникатна врамена слика со македонски мотив. http://anicasoleva.com/Handmade/Product/macedonian-butterfly-paper-filigree-framed-picture

Posted by Anica Soleva - Уникатни подароци од хартија on Sunday, January 8, 2017


АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

На што ќе се греете зимава?

  • огревно дрво
  • пелети
  • нафта
  • ќумур
  • електирична енергија
Резултати