Етно вешта жена во Велес, посветена на Рацин

Петар Печков

По единаесетти пат во Велес се одржа манифестација Етно вешта жена. Годинава  таа беше втора станица веднаш по Гостивар, од каде тргна републичкиот карван, продолжува во Тетово, а  ќе заврши напролет во Македонска Каменица. Во Велес, шест жени подготвија солена и блага храна, која  ги поврзува една тема  - Рацин.    

Во секој град каде се одржува, има една тема, која е локална и таа  ја поврзува подготвената храна. Ние одбравме да биде Рацинова вечер, затоа што во тек се Детски Рацинови средби – изјави -  Мирјана Трајкова   од Организацијата на жени до Велес.

Манифестација има  хуманитарен карактер. Меѓу подготвените блага најмногу внимание привлекоа  книгата на Рацин, кошулата на Ленка, грбот на Велес,  зелник, ѓозлемето.   Сите подготвени работи се продадоа на аукција,  при што се собраа 5.700  денари. Книгата ,,Бели мугри,, најмногу,  се продаде  за 2 илјади  денари и таа од страна на гостите беше прогласена за најубав  примерок храна подготвен вечерта .

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати