Жаклина Димовска ме сослушуваат по пет часови на судење како да сум јас обвинета за смртта на Тамара

Петар Печков

Со сослушување на Жаклина Димовска во Основен суд Скопје 1 и по втор пат,  продолжува судењето за смртта на нејзината ќерка,  деветгодишната Тамара. Жаклина  е сослушувана од одбраната, во својство на сведок на обвинението. Таа реагира на долготрајноста на сослушувањето а  што досега два пати по пат часа е распрашувана во судницата и сеуште не е завршено.

Како да сум јас обвинета а не тие од другата страна. Ме распрашуваат од раѓањето на Тамара па се до нејзината смрт. Откако  вкупно десет часа одговарав, за следното рочиште судијата закажа еден час порано, за да имало повеќе време  обвинетите  и нивните адвокати да  ме испрашуваат. Па обвинетите во случаите на СЈО не се толку испрашувани како јас, во својство на  сведок - вели Жаклина. Таа доаѓа во Македонија,  само да сведочи и повторно се враќа назед во Италија, каде живее и работи.  

Обвинети за смртта на малата Тамара се  Маја Парнаџиева – Змејкова и Џемаили Мехази, како директори на Фондот за здравствено осигурување, Владимир Поповски, Александар Чапароски, Лилјана Тозија, Наталија Долненец Банева и Никола Граматиковски, како членови на првостепената комисија која го донела првостепеното решение со кое се одбива лекувањето во странство на малолетната Тамара Димовска и против Александар Стојановиќ, Шабан Мемети, Ристе Симеонов, Елена Трпковска и Аспазија Софијанова како членови на второстепената комисија кои го потврдиле првостепеното решение. На листата  обвинети  не е тогашниот  министер за здравство Никола Тодоров.  Обвинителството товари  12 лица за сторено кривично дело – Несовесно работење во службата. Тие веќе се изјаснија дека не се чувствуваат за виновни. 

Од октомври 2014 година па се до смртта,  обвинетите како службени лица во јавни установи несовесно постапувале и го повредиле правото на детето Тамара Димовска. Дел од обвинетите на седница за давање оценка за упатување на лекување во странство,  не одобриле такво лекување со образложение дека операција може да се направи на клиника во Македонија, по што следела ратификација на таа одлука од страна на другиот дел од обвинетите. Со тоа обвинетите сториле кривично дело „несовесно работење во службата,,.

loading...

Поврзани »

loading...


АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

Дали е потребно забрана за користење на мобилни на наставата во училиштата?

  • да
  • не
Резултати