Жена тешко повредена во сообраќајка кај крстосницата Овче Поле

Петар Печков

Средата вечер во сообраќајка во која  светиниколка е тешко повредена на магистралниот пат Велес - Штип, кај крстосницата Овче Поле. МВР со повеќе детали. 

Околу 18,55 часот на магистралниот пат Штип - Велес кај крстосницата Овче Поле, Г.С.(48 год) од Скопје управувајќи товарно моторно возило "Опел Мовано" со скопски регистарски ознаки, удрил во пешак М.Г.(57 год) од Свети Николе. Во незгодата со тешки телесни  повреди се здобилa М.Г., која со возило на Итна медицинска помош била пренесена во Клиничка болница Штип, од каде по укажана лекарска помош е пренесена во Комплекс клиники "Мајка Тереза" - пишува во писменото соопштение на МВР. 

Извршен е увид на местото на настанот, по што ќе се знаат причините за несреќата. 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати