Жестока тепачка и еден ќутук пијан за пречекот на Нова година

Петар Печков

Освен тешката сообраќајка, која се случи утрото по пречекот на Новата година, во градот имало два посериозни настани, кои се евидентирани од надлежните служби.  Првата е тепачка која се случила во населба Превалец, на 1-ви во 3,30 ч.

Во објект на Фудбалски клуб “Превалец“, бил нарушен јавниот ред и мир со тепачка помеѓу лицата: Ј.Ш (29) и Н.Ш (23) од една страна и А.Ш.(25), Д.Ш(21) и С.С(18) од друга страна, при што тие си размениле по неколку  удари со раце и нозе по телата. Откако Ј.Ш и НШ биле истуркани надвор од објектот, со дрво и даска во рацете се вратиле во објектот и почнале да удираат по сите присутни, нанесувајќи им  видливи повреди - пишува во информацијата на МВР. 

Други сериозни  нарушувања на јавниот ред и мир во текот на  вчерашниот ден велешката полиција не регистрирала. Во Општата Болница Велес, вчера утро е донесен пијан сограѓанин, кој бил без  свест. И покрај напорите со пружање на  лекарска помош  да биде освестен, не се случило па е препратен  на  Клиниките во Скопје.  Докторите се сомневаат дека причина е  лошиот квалитет на ракијата што ја пиел. 

Вообичаено во и по новогодишната  ноќ  е зголем обемот на работа.  На интерното одделение донесени се две млади момчиња, во алкохолизрана  состојба. Дадена  им  е  потребната лекарска помош и се во добра здравствена состојба.  Во утринските часови на 1-ви јануари, донесено е возрасно лице на 58 години, без свест. Тоа  било во тешка алкохолизирана состојба и  како тежок случај препратено е во Скопје, откако не се пробудило. На инфективно и нервно одделение нема стигнато пациенти, кои имале здравствени проблеми поради пречекот на Новата година - изјави Марина Андова   главна сестра на ЈЗУ Општа Болница Велес. 

loading...

Поврзани »

loading...

Macedonian butterfly

Македонска пеперутка (Филигран од хартија) Уникатна врамена слика со македонски мотив. http://anicasoleva.com/Handmade/Product/macedonian-butterfly-paper-filigree-framed-picture

Posted by Anica Soleva - Уникатни подароци од хартија on Sunday, January 8, 2017

Дежурство на аптеките (ЈАНУАРИ)

АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

Каде за Новата 2018-та година?

  • во друштво во домашна атмосфера
  • дома пред телевизорот
  • во ресторан, дискотека или кафуле
  • во некој зимски центар
Резултати