Живковиќ и Велјанова -Савевска победници на велешкиот полумаратон (фото)

Петар Печков

Ненад Живковиќ кај мажите и Тања Велјановска  Савевска кај жените  победија на третиот по ред  Велешки полумаратон, кој се трчаше денес во Градскиот парк. Во двете  конкуренции трката ја завршија  115 учесници.    Живковиќ која доаѓа од Крушевац Србија патеката  од 21,1 км  ја истрча за  1:16:38. Минатата година тој  беше втор.

Патеката е  добра, кружна е многу  брза. Времето беше топло,з а овој период од годината. Имаше одлична атмосфера, доста тркачи. Се издвоив на стартот, направив предност и потоа ја одржував со лесно трчање . Можеше и подобро време да постигнам- рече Живковиќ кој доаѓа од Крушевац и со него беа уште четворица други учесници.   

Зад него се пласираше велешанецот Трајче Илијевски 1:19:47 а трет беше  Мики Поповски 1:21:40.  Победничката кај жените Велјановска победи со 1:40:13 пред Марија Пеликон со 1:40:25 и Ирена Стоименова 1:46:03. 

Се трчаше и на патеката од 5км. каде трчаа 147 учесника. Кај мажите победи Кристијан Наумовски со резултат од  17:27, втор беше Миомир Алексовски со 17:46 а трет Филип Филипов со 17:53. Кај жените победник беше Рената Соколовска со 19:53 пред  Бојана Наумовска со  20:56 а зад неа се пласираше  Јелена Доневиќ 21:13.

loading...

Поврзани »

loading...


АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

Какви специјалистички здравствени услуги користите?

  • од јавното здравство
  • од приватното здравство
  • комбинирам
Резултати