Жителите на улица Белградска често без вода, ЈКП Дервен најавува решавање на проблемот

Петар Печков

Жителите на улица Белградска и улица Славко Ѓоргиев Сватот  реагираат за  честите прекини на водоснабдувањето. Велат дека еднаш до два пати неделно немаат вода во домовите.

Чести се прекините во водоснабдувањето на овој дел од градот. Не знаеме што е причината, но потребно е проблемот кој ги допира стотина куќи од населбата Тунел да се реши. Постојано реагираме до надлежните но никако да бидеме приоритетни - велат жители од оваа улица.  Од ЈКП Дервен објаснуваат дека се работи  проблемот да се реши. 

Се работи за застарена водоводна линија на ул. Белградска која често дефектира. Поради оваа причина, деновиве, штом временските услови тоа ќе го дозволат, ќе се започне со реконструкција на водоводната линија на ул. Белградска. Со реконструкцијата ќе се реши проблемот со појавата на дефекти, односно честите прекини на водоснабдувањето. Реконструкцијата, поради големината на зафатот ќе се одвива во етапи -  одговорија од ЈКП Дервен.

loading...

Поврзани »

loading...

АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

Дали имате доволно време да му посветите на Вашето дете/деца?

  • да, за нив секогаш имам време
  • имам многу обврски, тешко се наоѓа
Резултати