Жителите на Кадрифаково на протест, не се задоволни од надвозникот

Петар Печков

Жителите на село Кадрифаково денес со предупредувачки протест побараа измена на трасата на надвозникот преку кој тие и стоката треба да преминуваат преку новиот автопат Миладиновци - Свети Николе. Се жалат дека надвозникот ќе им урне и штали и дел од куќите. Тврдат дека се работи за грешка во проектирањето и дека е напуштен првобитниот план, што за нив било прифатливо решение.

Пративме писма и до Владата, до премиерот и до Агенцијата за државни патишта, но од никого нема повратен одговор, ниту пак некој дошол да не посети и да разговара, а можеби секојдневно минуваат покрај селото. Ги информиравме дека неодамна во селото имаше дефект на водоводната мрежа, па после два месеци на немање вода дефектот едвај беше отстранет затоа што врз водоводната мрежа бил изграден асфалтен пат. Сега ако се постави уште еден слој асфалт и има сообраќајни елементи, надвозници, бетонски столбови и слично нема теорија некогаш да отстраниме таков дефект ако пак се случи. Башка што грешката на планерите сакаат да ја исправат со патна мрежа која ќе опфаќа трла, штали, дворови и цели куќи, вели Запро Пандазиев.

Жителите стравуваат и дека новиот надвозник ќе ги остави без вода за пиење а едно од барањата е да се изгради автобуска постојка што ќе ги поврзува со соседните градови. Надвозникот како што сметаат можеби нема да биде изграден уште неколку години а дотогаш ќе имаат сериозни проблеми. 

Селаните кои имаат овци секое утро со страв ги тераат стадата на пасиштата кои се наоѓаат од другата страна на автопатот. Приквечер ги пречекуваат и пак го стопираат сообраќајот, велат  ако не се најде решение за премин за стоката ќе бидат принудени да се откажат од сточарството. Други селани имаат ниви преку автопатот  и тие мора да минат преку него за да стигнат да ја обработуваат површината, од која живеат.

На оваа делница автомобилите летаат, се што може да се случи, коа голем број жители мораат да минат цел ден преку коловозната лента и автопатот м- велат селаните   на Кадрифаково.  Селото има 50 куќи и 200 жители.  Единствено од што се задоволни било што покрај автопатот била поставена висока стаклена ограда која значително ја намалува бучавата од илјадниците возила кои деноноќно минуваат по новиот автопат.

Како што информира директорот на Агенцијата за државни патишта Зоран Китанов, надвозникот се работи по едниот и единствен проект, а барањето за автобуска постојка на автопат е невозможно, согласно законот, бидејќи според стандардите за изградба и функционирање на автопат не се градат автобуски постојки. Оваа постојка, рече, ќе биде изградена на регионалниот пат.

loading...

Поврзани »

loading...

Се наградуваат најубаво украсен излог, двор и тераса

Општина Велес ќе додели награди за најуспешна празнична илуминација по повод новогодишните и Божиќните празници:

  • Најубав излог
  • Најубав двор
  • Најубава тераса.

Наградата е во паричен износ од 15.000 денари за секоја категорија.


Macedonian butterfly

Македонска пеперутка (Филигран од хартија) Уникатна врамена слика со македонски мотив. http://anicasoleva.com/Handmade/Product/macedonian-butterfly-paper-filigree-framed-picture

Posted by Anica Soleva - Уникатни подароци од хартија on Sunday, January 8, 2017


АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

На што ќе се греете зимава?

  • огревно дрво
  • пелети
  • нафта
  • ќумур
  • електирична енергија
Резултати