Жител на Превалец измамен за девет грла добиток

Петар Печков

СВР Велес информираше за измама, која е извршена над жител на населба Превалец, во текот на вчерашниот ден, понеделник.  

На 29.06.2020 околу 9 часот во СВР Велес било пријавено дека на фарма за добиток во село Превалец, велешко, четири непознати лица кои се претставиле дека се од село Сарај, скопско, го измамиле П.К.(67) од Велес, така што договориле купопродажба на девет грла крупен добиток за сума од 6.000 евра. Откако добитокот го натовариле во товарно возило „мерцедес“, со кумановски регистарски ознаки, двајца од нив заминале, додека П.К. со останатите две лица, кои биле со патничко возило „мерцедес“, со скопски регистарски ознаки, се упатиле до Ветеринарна станица во Велес за да ги комплетираат документите за купопродажбата. По ова, едно од лицата, користејќи  изговор дека ќе го пренесува неговиот брат, на П.К. му оставил паричник како гаранција, по што лицата заминале. Откако П.К. го отворил паричникот, кој бил наполнет со хартија, дошол до сознание дека е измамен - информираа од СВР Велес.

 Велешката полиција  презема мерки за расчистување на случајот.

Поврзани »

АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

Дали летово планирате да одите на одмор и ако одите каде?

  • да во Македонија
  • да во странство
  • не
Резултати