Жител на село Бузалково фатен како превезува 12 мигранти

Петар Печков

Саботата напладне,  жител на велешкото  село Бузалково е   фатен  како  превезува мигранти. Во  неговото возило  откриени с е   12 лица. С.М. е  откриен  близу Миравци, на  автопатот Гевгелија  Скопје.

На  02.12.2017 година  во 12,00 часот од страна на мешовит патролен тим од Полициска станица за Граничен премин и Граничен надзор Богородица, на автопатот Гевгелија- Скопје кај место викано „Паркинг Милетково“ било забележано патничко моторно возило „Рено Еспејс“ со велешки регистарски ознаки, при што на даден знак возачот да го запре возилото, истиот ја зголемил брзината и се упатил по локалниот пат кон село Миравци.  По неколку стотини метри го запрел возилото и се дал во бегство. Од страна на полициски службеници, лицето е приведено, при што е констатирано дека се работи за С.М.(35) од село Бузалково, велешко. При контролата на возилото во истото се пронајдени дванаесет лица- мигранти, и тоа по пет лица од Авганистан и Пакистан и две од Шри Ланка – информираа од МВР.

По инструкции од Јавен обвините, две од лицата ќе биле спроведени  до Транзитен Центар - Скопје, а останатите  во Прифатен центар за странци - Гевгелија. Возачот бил  предаден во Полициска станица Гевгелија за понатамошна постапка.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати