ЗСР ,,Бабуна,, ги пориби реките Бабуна и Тополка со 80 кг пастрмка

Петар Печков

На крајот од минатата година, Здружението на спортски риболовци ,,Бабуна,, од Велес изврши порибување на реките  Бабуна и Тополка. Порибувањето беше извршено  со подмладок на пастрмка. Во Бабуна беа пуштени 50 кг а во Тополка 30 кг  и тоа во долниот тек на двете реки.

Деновиве на реките Бабуна и Тополка, беше извршено порибување со автохтона поточна пастрмка, кое е во согласност со добиената концесија од Министерството земјоделие и водостопанство - објаснија од ЗСР ,,Бабуна,,. 

Тие изразија голема благодарност за помошта и соработката на ПАВОР ДООЕЛ - ВЕЛЕС и ОПШТИНА ВЕЛЕС, за која  искрено се надеваат дека и во иднина ќе ги подржуваат нивните  акции, кои имаат за цел да го збогатат и заштитат рибниот фонд на нашите води. Претходно беше порибена реката Вардар со 200 кг крап а езеро Младост со 150 кг подмладок од крап. 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати