Завршија настапите на македонски кајакари на СП на диви води

Петар Печков

Тројцата македонски репрезентативци во кајак  слалом, кои учествуваа на Светското првенство  во кајак на диви води слалом, ги завршија натпреварите во квалификациите.    

Енис Небиовски во втората трка беше 41-ви, Александар Златаров 44-ти,  Борче Мирчески  49-ти од 73-ца возачи во К-1. Во првата трка од 103 учесника,  Енис Небиовски беше 68-ми, Борче Мирчевски  71-ви а Александар Златаров 92-ри, со тоа што во втората трка директно во полуфинале одат најдобрите 20.

Со ова настапите на велешките кајакари кои возеа за селекцијата на Македонија завршија. Тренер на репрезентацијата беше Роберт Папазов.

Претходно Небиовски, Златаров и Спасиќ возеа екипно слалом К-1 и од 27 репрезентации се пласираа на 20-тото место.  

СП во кајак диви води слалом се возеше во францускиот град ПО, на Пиринеите.  

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати