Заврши асфалтирањето нa делницата Стари Град - крстосница Богомила

Петар Печков

При крајот на минатиот месец заврши рехабилитацијата на делницата од регионалниот пат  Стари Град- крстосница Богомила, во Општина Чашка. 

Оваа активност опфаќаше отстранување на досегашниот слој и поставување на нов асфалт. Делницата е во должина од 3,3 км и во вредност од 15 милиони денари, средства обезбедени од буџетот на ЈП за државни патишта.


Приказната за градежните работи во Општина Чашка не завршува само со рехабилитацијата на Оморани- Теово, кој неодамна заврши. Таа продолжува по прекрасните предели кои водат кон Стари Град и Богомила. Е, токму овие патни правци кои некому живот значат беа рехабилитирани со средства на ЈПДП.  Па така, комплетно е завршена рехабилитацијата на Р1312 Стари град- крстосница Богомила - соопштија од ЈПДП.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати