Заврши првенството во Третата лига Центар

Петар Печков

Со натпреварите од 26-тото коло заврши Трета лига Центар за сезоната 2017/18. Двете од трите велешки екипи  ФК Бабуна  и  ФК Превалец имаа одличен настап и пласман, додека  Илинден  од Башино село излегува. 

Во последното коло  ФК Бабуна со  трите гола на Владимир Нанев, и по еден на Драганче Тошевски, Кристијан Дамчевски, Александар Михајлов и Мартин Митев го победи тимот на Горно Коњари со 7:4, гостите од истоименото прилепско село се осми со 10 победи и 34 бода.  ФК Превалец одигра нершено во прилепско село Житоше  со ФК Братство 1:1, откако  со голот на Мартин Јовев во 34 минута го добија првото полувреме а домаќините израмнија во 57 минута.  Екипата на Братство е 9-та со 7 победи и    29 поени. Илинден дома во Башино село беше  поразен  од  седмопласираниот тим на ФК Марена со 0:6 кој има 10 победи и 35 бода.

Така по 26 кола ФК Бабуна е трета со 55 бода, ФК Превалец е шести со  46 бодови а ФК Илинден е претпоследен 13 со 11 бода и се сели во Општинска лига. Првак на Трета лига Центар е  ФК Партизан од прилепско Обршани, кој од есен ќе игра во Втора лига Исток.   Во  Третата лига Центар од есен  ќе настапува првакот на Општинска лига Велес, екипата на ФК Тополка од Превалец.  

Сите голови на ФК Превалец, на домашен терен изминатото првенство

loading...

Поврзани »

loading...

Ронтис вработува оператори во производство

Швајцарската мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала РОНТИС, заради зголемување на својот постоечки капацитет во фабриката во Велес, има потреба да вработи:

30 (триесет) Оператори во производство



АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

2018-та е зад нас. Како ќе ја помните?

  • како и секоја друга
  • имаше и убави и лоши моменти
  • ми донесе многу радости и убави мигови
  • што поскоро да ја заборавам
  • постар сум за една година
Резултати