Заврши реконструкцијата на ОУ Св. Кирил и Методиј

Петар Печков

Заврши реконструкцијата во Основното училиште „Свети Кирил и Методиј“. Во последната фаза се изврши обнова на фасадата на стариот објект, а се заменети и подовите во 15 училници.  Градежните зафати се извршени според сите стандарди, а со тоа значително се издигнати условите за настава на повисоко ниво.

Нескромно ќе кажам, дека ова е едно од најубавите училишта не само во Велес туку и во целата држава. Условите за настава сега се одлични. Тоа е голема придобивка за учениците, но и за нас вработените – изјави  Анита Мирчева директор на ОУ „Св. Кирил и Методиј“.

Градежните зафати се извршија преку  Министерството за образование. Инвестицијата изнесува 3,3 милиони денари, средства кои се дел од проектот „Реконструкција на средни и основни училишта во Република Македонија“.

Истовремено со средства на Општина Велес е извршена реконструкција во топловодниот систем во училиштето, со што се надминати проблемите околу затоплувањето. Монтиран е нов парен котел со поголема моќност од претходниот.

Овој проект е продолжување на претходниот со кој беа рехабилитирани кровот, двете згради на училиштето, подовите, надворешната столарија и фасадата на поновиот објект. Таа инвестицијата изнесуваше 5,9 милиони денари.  Во наредниот период преостанува да се уреди спортската сала во ОУ Св. Кирил и Методиј.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати