Заев -доста е шлапање во калта, време е за ЕУ и НАТО, време е за живот

Петар Печков

Од синоќешниот граѓанскиот собир во Велес „Излези ЗА европска Македонија,, премиерот Зоран Заев порача .доволно е 27 години чекање, доволно е шлапање во калта, време е за Европа и НАТО, време за живот.

  ,,ЗА,, е за иднината,  за нашите деца,  за  Македонија. Со доаѓањето на Европа, доаѓаат и европските правила и редот и повисока плата, достоинствено работно место. Секој спортски клуб сака излез во Европа, пласман во европските купови. Имаме можност да бидеме 30 земја членка на најмоќниот воен сојуз на светот.  Чекаме  со кандидатски статус од 2005-та за ЕУ , заедно бевме со Хрватска,тие  веќе влегоа, 13 години минаа како  на сон, подостаревме чекајќи  датум за преговори - рече Заев.

Кажа дека можел да калкулира, можел да се жали од Грција, но напротив одлучил да се реши деценискиот спор со Грција и Македонија да биде дел до ЕУ и НАТО.

Џабе е втор мандат ако нема иднина за Македонија. Затоа донесов храбра политичка одлука, под силни политички притисоци.  Договорот можат да го видат сите на интернет, се  дели по флаери и летоци низ цела земја. Точно е напрвив компромис и само преку компромис можеме да одиме напред.     И децата во градинките прават компромис играјќи се таму, двајца заљубени во паркот прават компромис, децата на училиште прават компромис, јас со сопругата првам компромис секој ден,   а и Вие  брачните другари правите признајте, на работа правиме компромис. Тоа што разговараме и преговараме со опозицијата и кога ќе се договориме правиме компромис.  Цел живот е компромис. Но овој што го постигнавме со Грција е вреден, оти ги отвора сите перспективи за нашата Македонија. Не е едноставно, но добивме признание. Признаен е македонскиот идентитет, признаен е македонскиот јазик. Не  е точно дека двете страни подеднакво изгубија, напротив добија тоа ќе го покажа времето пред нас. - порача Заев.  Им се заблагодари на Албанците, Турците, Србите, Бошњаците и другите етнички групи кои покажале солидарност, единство и почитување  со македонскиот народ во овие важни моменти за сите. 

Се прашуваме дали треба да гласаме или не. Цел свет дојде овде кај нас да ни каже што треба да правиме. На македонски јазик зборува првиот човек на најмоќниот сојуз во светот, дојде канцеларот на веројатно најмоќната земај во светот, Меркел. И сите тие велат  еве десна рака фатете се, еве ви  и лева рака и не влечат да излеземе од калта. и Што да кажеме, не не` сакаме да излеземе од калта, таму ни е убаво. Да покажеме  дека сме достојни да бидеме дел од светот- заврши Заев.      

На граѓанскиот собир говореше и Аце Коцевски градоначалник  на Велес  кој  ги повика граѓаните да испишат нова историја за Македонија.

Ретки се моментите кога само со еден потег, можеме да ја промениме реалноста и животот кој го живееме. Со влезот во НАТО и ЕУ засекогаш ќе ја забетонираме нашата безбедност и сигурност.  Тогаш ќе го нема теферчето на Гоца, ало началниче,  ниту да му врземе два три шамари. Без разлика на полот, возраста, и политичкото убедување, дали сте Македонци, Албанци, Бошњаци, Турци или Срби, дали се крстите во црква или молите во џамија или сте атеист,  на 30  септември да испишеме нова историја на Европска Македонија - кажа Коцевски.    Најави  дека  очекува  коректорскиот систем и пречистителна станица за отпадни  фекални индустриски  и води во Велес, проект  вреден 24 милиони евра да биде финансиран од фондовите на ЕУ.  

Говореше и Клементина Војдиновска  карате судија  

Европска Македонија е единствена шанса за подобро утре.  Доста беше неизвесност и изолација, младите заслужуваат подобра иднина.  Сакаме подобро образование, можност за патување а дипломите да бидат признаени секаде во Европа - рече Војдиновска 

Душко Ќумбев стопанственик ги повика велешани да излезат на 30-ти септември да гласаат за Европска Македонија.

loading...

Поврзани »

loading...

Акција за собирање на електронски и електричен отпад

По четврти пат Општина Велес, ЈКП Дервен и „Нула отпад“ - Скопје организираат Акција за собирање отпад од електрична и електронска опрема За таа цел, компанијата „Нула отпад“ од Скопје отпечати информативен леток кој е дистрибуиран од страна на ЈКП Дервен, со сметките за комунални услуги. Детали

Macedonian butterfly

Македонска пеперутка (Филигран од хартија) Уникатна врамена слика со македонски мотив. http://anicasoleva.com/Handmade/Product/macedonian-butterfly-paper-filigree-framed-picture

Posted by Anica Soleva - Уникатни подароци од хартија on Sunday, January 8, 2017


АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com