Заклетва даде 37-та генерација војници доброволци (фото)

Петар Печков

Рамноправни, но само на зборови. Така доброволците го коментираа присуството на само шест девојки, во редовите на АРМ кои денес на 8-ми март денот на жената,  положија заклетва. Половината од нив се мајки со деца, кои следните три месеци ќе бидат грижа на татковците.  А вкупно заклетва дадоа 86 припадници во 37-та генерација на војници кои доброволно отслужуваат воен рок, во велешката касарна ,,Алексо Демниевски Бауман,,.  

Сите членови од машкиот пол во семејството имаат служено војска и тоа беше предизвик за мене да ја продолжам таа традиција.  Сакав да го искусам тоа што тие го искусиле. За овие неколку дена иако е тешко, но е ново прекрасно искуство, да се научи на ред, дисциплина. Овде сите сме исти, се поддржуваме меѓусебно, нема разлика на пол, националност.  Запознав нови луѓе, командири, задоволна сум - рече  Александра Јакимова од Скопје.   Меѓу припадниците на АРМ беше и кајакарскиот репрезентативиц Енис Небиоски. Тој наместо на патеката, следините месеци ќе ги посвети на воените вештини.

 Војска како професионални војници имам двајца постари колеги. И јас решив да одам по нивниот пат да отслужам војска, да бидам професионален војник. А кајакот може да паузира некој месец, имам само 19 години и ќе продолжам со овој спорт - рече Небиоски.  

Да се носи униформата е гордост, привилегија и одговорност, хуманост и пожртвуваност. Пример за ова е неодамнешната автобуска несреќа кај село Ласкарци , каде четворица наши војници од армијата применувајќи ги стекнатите вештини и знаења, со храброст и лично залагање навремено укажаа помош и навремено извлекуваа од настраданите. Ова не е единствен пример. Нашите припадници се тука и во шумските пожари, поплавите и други непогоди. Горди сме што имаме вакви припадници - рече  генерал мајор Асем Нуредин, заменик началник на Генералштаб.  

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати