Заклетва даде 35-тата генерација војници доброволци (фото)

Петар Печков

Триесет и петата генерација војници кои доброволно го отслужуваат  воениот рок, денес во велешката Касарна ,,Алексо Демниевски Бауман,, дадоа свечена заклетва. Заклетва дадоа 68 војници, меѓу нив и 15 девојки.

Тие следните три месеци ќе се стекнуваат со знаења и вештини од основната воена обука во Центарот за индивидуална обука, кој е во составот на Командата за обука и доктрини. Заклетвата им ја честита неодамна именуваниот Заменик на началникот на Генералштабот на Армијата на Република Македонија генерал-мајор Азим Нуредин.

Да се биде војник е посебна чест а Вашата зрелост ќе ја потврдите со завршување на обуката. Со овој чин се приклучувате на генерациите  доброволци кои ја завршија обуката и се оспособени за добрана на Република Македонија .Во наредниот период ќе се здобиете со искуство во нова средина. Во наредните три месеци ќе се бара вложување на максимални напори  за успешно совладување на борбените вештини . Ќе минете денови со интересни содржини, од обуката кое ќе биде пренесено од Вашите инструктори со нивните највредни и најдобри искуства од војничка професија - кажа   генерал-мајор  Нуредин.

Сите војници кои доброволни го завршуваат воениот рок, се база за натамошен избор за кандидати за идни професионални војници во редовите на Армијата .  

Неодамна при прославата на годишнината на Командата за обука, поранешните нејзини команданти побараа од АРМ да вложи поголеми напори за да има повеќе војници доброволци а на како што се случува повеќе години наназад со 70-тина доброволци.

loading...

Поврзани »

loading...

Ронтис вработува 20 оператори во производство

Швајцарската мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала РОНТИС, заради зголемување на својот постоечки капацитет во фабриката во Велес, има потреба да вработи:

20 (дваесет) Оператори во производство

Детали

Macedonian butterfly

Македонска пеперутка (Филигран од хартија) Уникатна врамена слика со македонски мотив. http://anicasoleva.com/Handmade/Product/macedonian-butterfly-paper-filigree-framed-picture

Posted by Anica Soleva - Уникатни подароци од хартија on Sunday, January 8, 2017


АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

Дали ВАР технологијата воведена на ова СП во фудбал, придонесе тоа да биде поправедно?

  • да
  • не
  • не го следев СП
Резултати