Залудно полицијата предупредува, пак лажен продавач на дрва измамил пензионер

Петар Печков

Иако велешката полиција неодамна во превентивна акција ги запознаваше пензионерите, да не наседнуваат на измами со продажба евтино дрво, во петокот едно лице пријавиле дека е измамено.

Б.Т.(60) од Велес пријавил дека на 11.01.2019 година околу 12,00 часот во домот на пријавителот дошло непознато лице на возраст од околу 40 години и му понудило да му продаде огревни дрва по цена од 2.500 денари од кубик.  Пријавителот се согласил да купи три метри кубни и заедно со лицето се упатиле кон местото каде што наводно требало да ги види дрвата. Лицето со изговор дека треба да го земе возилото заминал од местото на настанот и се вратил во домот на пријавителот и на неговата сопругата и рекол дека нејзиниот сопруг ги зел дрвата и побарал пари. Таа му дала 7.860 денари по што лицето си заминало- информираа од МВР. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати