Замена на старата водоводна мрежа

Петар Печков

Започнаа градежните работи  за замена на старите салонитни цевки со азбест од водоводната мрежа,  со нови.  Проектот  на Општина Велес,  е финансиран преку Европската инвестициона банка опфаќа седум улици во градот.

Нови водоводни полиетиленски цевки ќе бидат поставени  по должина на  улиците: Васил Главинов, Партение Зографски, Мицко Козар, Титовоужичка, Игманска, Киро Ќучук и Гемиџиска. Вкупната вредност на проектот изнесува девет милиони денари.

Во оваа фаза    на градежни работи, ќе се замени главната водоводна линија, а потоа ќе следуваат и приклучоците кон домовите.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати