Започнавме во друштво на змии и гуштери, 26 години од првата премиера на Стоби

Петар Печков

Четврт век локалитетот Стоби оживува преку летото, не преку посетителите туристи, туку од публика која толкав период ги гледа претставите на антички текстови. Еден помал дел исклучиво само како наменска претстава на велешки театар а 17 години како Фестивал на античка драма. Со сеќавања за почетоците и развојот на овај настан, кој кај велешани предизвикува големо внимание од актерката Слободанка Чичевска. Нејзиното име најчесто се јавува во сите одиграни претстави на велешки театар, на локацијата во Стоби.   

Кога летото 1992 отидовме во локалитетот Стоби и се втурнавме во една голема авантура, тоа  беше како да се спуштаме со кајак по диви води без појас за спасување. Затоа што дотогаш не сме работеле претстава со антички текст, ниту на факултет сме учеле за таква поставка. Требаше да говориме стих да толкуваме улога од антички период и да ја направиме современа за ова време.  Згора на тоа непозната беше да се донесе публика таму, како таа ќе не следи, како ќе не прими - се присетува Чичевска.  

Додава дека таа со колегите влегле со огромен ентузијазам, со огромна енергија а публиката дошла во огромен број. Очекувале стотина гледачи а доаѓала река од народ. Така се случи премиерата на ,,Електра,, на 27.07 1991, нешто што е зачетник на сегашниот Фестивал на античка драма ,,Стоби,,.    Најмногу режии на антички текстови одиграни во овој простор имал Стојан Стојаноски.   

Не велам дека тоа ми е најдобрата или најомилената улога што сум ја одиграла , но таа ме одбележа. Тоа што толкував толку насловни женски ролји, не значи дека  во тој момент бев најдобар актер,  но бев почестена што можев да придонесам и направам нешто  во таа сфера - вели Чичевска.   Повикани од приемот на публиката следната година на истиот локалитет беше поставена ,,Антигона,, од ,,Софолке,,  повторно во режија на Стојан Стојановски и носечка женска улога на Чичевска. 

Со овие наши први чекори, можеби неуки, забележавме голем успех и подоцна се воспостави ФАД ,,Стоби,,. И без оглед на временските услови публиката остануваше  да ја следи претставата.  Голема е разликата помеѓу почетоците пред 2,5 децении и сега,  тогаш немавме никакви услови. Тоа беше обрасната површина,  на пробите имавме присуство на змии и гуштери, што ни даваше знак дека се присутни античките Богови, па станавме имуни на нив. Започнувавме со проби во 9 часот навечер завршувавме во 2 и 3 по полноќ  - заврши Слободанка.     

Досега Велешкиот театар има одиграно  20-тина претстави на локалитетот ,,Стоби,,.  На Фестивалот пак се прикажани 80-тина претстави од Русија, Украина, Турција, Бугарија, Хрватска, Србија, Грција, Холандија, Црна Гора, Ерменија, Казахстан, Данска, Албанија, Босна и Херцеговина и Македонија.

 Еден од основачите на Фестивалот и иницијатор за играње на претстави со антички текст во Стоби,  Младен Крстевски, зборува како морале да се чуваат од животинскиот свет што таму владеел,а актерите дошле да го освојуваат после два века.  

Првата година кога отидовме на Стоби, тоа беше змијарник. Колегата Ордан Витанов  работеше и кога до каменот каде беше, покажува  кон  змија во клопче, тој воопшто не реагираше се помести а змијата замина. Потоа неколку дена работевме околу монтажата на сцената и милевме дека е некоја цевка, беше долга црна третиот ден констатиравме дека е смок.  Потоа немаше струја таму па молби колби и едвај наместија бандери и донесоа до античкиот театар на еден ден пред премиерата - вели Крстевски.

Ја потенцираше благодарноста за  тогашниот директор Александар Ѓоргиев, кој го имал чувството да препознае дека таму може да се играат претстави и дал  безрезервна поддршка.  

 Во овој период во Стоби велешките актери ги одиграа текстовите  Електра, Антигона, Ојдип тиранин, Орест, Цар Едип,   Медеа, Баханалии, Лисистрата...

loading...

Поврзани »

loading...

Macedonian butterfly

Македонска пеперутка (Филигран од хартија) Уникатна врамена слика со македонски мотив. http://anicasoleva.com/Handmade/Product/macedonian-butterfly-paper-filigree-framed-picture

Posted by Anica Soleva - Уникатни подароци од хартија on Sunday, January 8, 2017


АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

Дали ВАР технологијата воведена на ова СП во фудбал, придонесе тоа да биде поправедно?

  • да
  • не
  • не го следев СП
Резултати