Започна изградбата на мост во Богомила

Петар Печков

Започна изградбата на нов мост во Богомила. Тој се гради на влезот во населбата, на реката Бабуна, близу до постојниот Камен мост, кој населението го именува како Римскиот. Со ова се решава голем проблем, кој во минатото, во повеќе наврати ги вадеше од домовите богомилчани на протести. 

Во наредните  десет  месеци ќе биде изграден нов мост кој има регионално значење и е финансиски подржан со 14.5 милиони  денари, средства обезбедени од ЈП  за државни патишта (ЈПДП). Мостот ќе биде со должина од 27 метри и ширина од 6 метри - изјави градоначалникот на Општина Чашка, Горан Стојановски. 

Постојниот Камен  мост,  беше сериозно оштетен, поради тоа што на него минува камиони кои превезува огревно дрво исечено од планината Јакупица како и кварц од бројните каменоломи во Азот.  Поради тоа населението во неколку наврати со жив штит, не дозволуваше да се одвива сообраќај на мостот, кој има историска вредност. Затоа откако ќе се изградно новиот, стариот Римски мост преку Националниот  Конзерваторски  центар ќе се заштити како историско наследство.

Стариот Камен мост е заштитен споменик на културата од 1953 година и спаѓа во групата рустични мостови. Стручњаци од Националниот конзерваторски центар на Македонија, пред десет години извршиле увид, изготвиле извештај и констатирале дека на мостот се одвива товарен сообраќај кој негативно влијае врз стабилноста на мостот. Поради ова тие тогаш  побарале забрана на секаков вид моторен сообраќај, конзервација и реконструкција на мостот како и изградба на нов мост преку реката Бабуна.

Време беше да се изгради нов мост. Поради лошата состојба  на Камениот се случија повеќе несреќи, патнички возила слетуваа во реката Бабуна, луѓе се повредуваат а од страна почнаа да паѓаат старите камени блокови. Преку овој стар мост се довиваше целиот товарен сообраќај за пренос на стока, дрва и камен од планината Јакупица кон Велес - велат жителите на населбата.

Од Општина Чашка најавуваат дека  во наредниов период ќе се решава прашањето со водоснабдување на четири населени места.    Ќе се врши испитување и  започне со бушење на четири нови бунари во Богомила, село  Согле, село Мартолци и нас. Чашка. Со тоа  во овие населени места, ќе бидат надминати децениските проблеми со водоснабдувањето во летните месеци, со кои се соочуваат мештаните.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати