Започна наставата на Факултетот за информатички и комуникациски технологии

Петар Печков

Започна наставата на Факултетот за информатички  и комуникациски технологии, диспензирана  настава Велес, каде се  запиша 40 редовни студенти од предвидените 70. Нив им беа врачени индексите а бруцошите ги поздрави  Продеканот  за соработка со стопанство,  Томе Димовски.   И годинава и лани на овој факултет во Велес, има најголем интерес, иако не се  пополнува целата квота на редовни студенти.  

Интересот  за овој факултет се должи на извесната иднина, која ја имаат студентите кои завршуваат информатички науки. Тоа  се големиот број на работни места, кои постојано  ги има, се отвораат пред се ова приватниот сектор и високите примања кои ги добиваат. Секој кој ќе заврши факултет, добро ги совладал предметите, кој е квалитетен, загарантирано му е местото за работа – рече  Димовски.

Тој на бруцошите им порача да бидат редовни на настава. Додаде дека овие години се клучни за живот на секој од нив, за нивната иднина. По четиригодишната настава на овој факултет, завршените студенти кои ќе дипломираат добиваат звање инженер по информатички науки и комуникациско инженерство.  

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати