Започнува реновирање на просториите на Итната медицинска помош

Петар Печков

Од среда започнува реновирањето на просториите на Итната медицинска помош, лоцирани во зградата на ЈЗУ Здравствен дом Велес.  Поради важноста на оваа служба и реализација на проектот, предвидени се новини во работата кои ќе бидат од времен карактер. 

Ќе се врши комплетно реновирање на инсталација, прозори, водоводна мрежа. Влезот во оваа здравствена установа ќе биде по најсовремени светски стандарди, со сензор врати. Ќе набавиме комплетно нова опрема и инвентар. Инвестиција само во градежниот дел е три милиони денари наши сопствени средства. Работите  започнуваат на 1-ви август а рок на изведба е 60 дена. Откако зградата е изградена 1950 ова е прва  реконструкција на просториите на Брзата помош - рече  Николче Димовски  директор на ЈЗУ Здравствен дом Велес. 

За овие два месеци лекарската екипа на Итната медицинска помош ќе биде сместена во просториите на школската медицина, кои се префрлени на кат, бидејќи овој период учениците  не одат на училиште. Во периодот додека ќе се работи влезот, две седмици, истиот  ќе биде од задна страна од кај детско.     Директорот Димовски кажа дека иако е летен период, нема проблеми околу екипираноста на дежурните служби во Брзата помош.   

Во август месец ќе помогнат докторите од школска и од детско, тоа е една седмица, нема да има намалување на екипите кои ќе дежураат. Се во интерес на пациентите - додаде Димовски.  Од среда започнува и реновирањето на  третиот кат, каде е администрација. Таму исто така целосно ќе се работи на санација на просториите, прозорите, вратите.  

Деновиве во соработка со ЈЗУ Болница Јасеново и директорот Зоран  Матев, од нив добиле фиат темпра, санитетско возило за укажување на лекарска помош  прилагодено за низ градските улици. 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати