Започнува пролетната дератизација во велешко, на површина од 150.000 м2

Петар Печков

Започнува  пролетната дератизација на јавните површини и јавните објекти кои се во надлежност на Општина Велес. Таа е во согласност со  Законот за заштита на населението од заразни болести и е општа мерка за заштита на населението од заразни болести.

„Препаратот кој се користи за дератизацијата е селективен, од сертифициран производител и ја третира популацијата на глодарите. Со одобрение од Министерство за здравство на Република Северна Македонија, за употреба во јавната хигиена, не преставува опасност за останатиот животински свет“- соопштија од Општина Велес..

По спроведена постапка за извршување на овие активностите избран е операторот, тоа е  ЈЗУ Центар за Јавно здравје – Скопје.

„Ова е една од општите мерки кои општината ги презема за заштита на населението од заразни болести во согласност со Програмата за активностите на Општина Велес во областа на здравствената  заштита за 2022 година. Дератизација  се врши два пати годишно во пролетниот и есенскиот период. Во следните неколку дена ќе биде опфатена површина од 150.000 м2, односно сите јавни површини во градот како и двата брега на реката Вардар, од Башино село до компанијата Агриа“- соопштија од локалната власт.

Пролетната дератизација на јавните површини и јавните објекти во велешко, започнува на 11 мај.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати