Засадени се 125 садници дрвја и 35 илјади темјанушки низ градот

Петар Печков

Во есенската акција на зазеленување на јавните површини во градот  засадени се 125 висококвалитетни  неколку годишни листопадни и зимзелени дрвја на повеќе локации на подрачјето на општината.

Покрај дрвјата, засадени се  34.580 љубичици, пикиран расад, кој презимува и сé до месец мај напролет ќе го разубавува урбаниот Велес и јавните површини кои ги користат граѓаните. Ова е активност во согласено со програмата за работа и ја спроведе ЈКП Дервен а е вознесена од Советот на општина Велес.

Акциите за садење се реализираат согласно Планот за квалитет на амбиентниот воздух на територијата на Општина Велес како една од мерките за зголемување на зелените површини во урбаната средина. Засадувањето ќе продолжи, а во декември ќе биде организирана  општинска акција за пошумување на ридот „Св. Илија“ - велат надлежните од Општина Велес. 

Со цел да се придонесе кон почиста животна средина насадени се пет-шест годишни претежно листопадни  дрвја  од видовите јавор, магнолија, бреза и други. Дрвјата се засадени во парковските и реконструираните зелени површини детско игралиште „Тунел“, паркот кај автобуската станица, улицата „Димитар Влахов“ на влезот во Велес, улицата „Благој Ѓорев“, паркот кај Офицерскиот дом.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати