Затворање на Варницата се до добивање на ,,А,, интегрирана дозвола побараа жителите соседството

Петар Печков

Жителите на населбите Тунел и Превалец го изгубија трпението и бараат  решителни чекори и мерки против Варницата во Превалец, која велат дека е голем загадувач на животната средина.   

Чести облаци од бела прашина, раката Тополка која  има боја на Мелко, детонации, бучава биле секојдневие за жителите на овој дел на Велес, посебно во попладневните и вечерни часови и во време на викенд и празник, кога надлежните инспекции и служби не се на работа.

Бараат итна средба со министерот за животна средина кого лично би го  запознале со проблемот кој со години ги тишти и запирање на работата на Варницата се додека таа не добие дозвола за работа..

Фабриката побарала ,,А,, интегрирана еко дозвола а нема ниту една позитивна ставка во синџирот  на системот за работа. Тоа сами го констатирале во документите. Секојдневно кога работат сме сведоци на прашина, бучава, загадување и на воздухот и на реката Тополка. Користат печки на јаглен, кои високо го загадуваат воздухот.  Немаат дозвола за минирање а минираат - кажа Дарко Стојанов.   Бројни присутни кажаа свое мислење работата на Варницата  со кој работи скопски ,,Техно павер,,. 

Таму се работи примитивно, како пред 4-5 децении. Да има каменолом во градот а никој да не ги прашал граѓаните, како е можно. Не се почитуваат стандардите, треба и нас некој да  не праша што мислиме. Од толку прашина на автомобилот, резултат на работа на фабриката,  можам во било кое време да се потпишан на него - рече Симон Игевски.   

Жителите од овие две населби посочија дека за две години работа со фабриката за вар и каменолом, никој не ги видел сопствениците да излезат во јавноста и нешто да кажат, по прозивките за загадувањето на животната средина. 

За оваа фабрика економски е неоправдано да го изоди патот до ,,А,, интегрирана дозвола. Имаат толку застарена опрема, што за да ги исполнат условите ќе им треба силна инвестиција- вели Драган Трајковски.  

Жителите од двете населби посебно се разочарани од односот на надлежните државни институции за големото минирање и детонација која се случила на 29 октомври во 12,30ч.

Некој рибар ако фрли динамит во Вардар во затвор ќе оди. Ваму цела населба ја оштетија од детонации, никој ништо не знае, надлежните креваат раце - посочи Александар Стојанов.    

Трибината на жителите ја организираше ЕД Вила Зора, чиј претставник кажа дека не се за затворање на капацитетот, туку за почитување на стандардите, не на штета на здравјето на граѓаните.  

 Зошто Државниот инспекторат за животна средина ги толерира, иако  Варницата нема ,,А., интегрирана еко дозвола. Имаме затајување на институциите - рече д-р Ненад Коциќ поранешен претседател на друштвото, сега член на Советот на Општина Велес.  

loading...

Поврзани »

loading...

Акција за собирање на електронски и електричен отпад

По четврти пат Општина Велес, ЈКП Дервен и „Нула отпад“ - Скопје организираат Акција за собирање отпад од електрична и електронска опрема За таа цел, компанијата „Нула отпад“ од Скопје отпечати информативен леток кој е дистрибуиран од страна на ЈКП Дервен, со сметките за комунални услуги. Детали

Macedonian butterfly

Македонска пеперутка (Филигран од хартија) Уникатна врамена слика со македонски мотив. http://anicasoleva.com/Handmade/Product/macedonian-butterfly-paper-filigree-framed-picture

Posted by Anica Soleva - Уникатни подароци од хартија on Sunday, January 8, 2017


АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com