Затвор за крадци кои од врат на сограѓанки украле златни ланчиња

Петар Печков

Дрски крадци, двајца браќа заработија затворски крадци, откако на сограѓанки од врат им скинале златно ланче. Во два одвоени судски процеси во Основен суд во Велес, крадците добија 38 месеци затвор.  

Идиан Адемов (29 год) од Велес доби 14 месеци  затвор за тешка кражба, откако го признал делото за кое беше обвинет. Тој на   26 февруари минатата година, кај паркингот пред црквата Св. Спас пришол и на жена која тука продавала цвеќе и понудил да и ги земе кофите. Таа одбила, а Адемов, кога жената била зафатена во рацете со корпите со цвеќе, го видел златното ланче на нејзиниот врат, го скинал и побегнал.  Адемов за ова дело доби 14 месеци затвор, поради тоа што веќе се наоѓа на издржување казна затвор за разбојништво и тоа во висина од 5 и пол  години.  

Во друг случај  Јашар Адемов ( 31 год)  од Велес е осуден на две години затвор, затоа што на сограѓанка од врат и украл златно ланче. Тој е осуден за виновен, за кривичното дело тешка кражба, во Основен суд Велес, пресудата е правосилна а осудениот се наоѓа на отслужување казна затвор за други дело.   Настанот се случил на  11 март  лани,  околу 14 часот , кога Адемов, на дрзок начин од оштетената и одзел златен накит - ланче со приврзок, вредно  6000 ден. Додека тој  собирал стари предмети и шишиња, во дворот од куќата на оштетената,  се упатил кон влезната врата од куќата со намера да праша дали може да земе стари предмети и шишиња, па кога оштетената испаднала од куќата, на нејзиниот врат го забележал златното ланче со приврзок кое го носела при што додека разговарале, со раката го потегнал и скинал од нејзиниот врат и со трчање избегал. Ланчето го продал за две илјади денари во  велешка златарница.  Пред судот Јашаров се бранел дека ланчето го нашол на земја , го земал и продал.  

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати