Затвор оти лошо приземјил струја, па починало момче додека се капело

Петар Печков

Година и пол затвор доби Шазим Муртезанов ( 53 год) од Горно Јаболчиште бидејќи нестручно извршил приземјување на елеткро инсталација, по што подоцна починало момче.  Тој во Основен суд Велес,  беше прогласен за виновен  за кривично дело ,,тешки дела против здравјето на луѓето,,. 

Муртезанов  во периодот од 1 јануари  2013 година до 30-ти јуни  2013 година по договор со сопственикот  на куќата  Кадриев,  ја уредувал   ново соградената бања при што извршил спроведувањето и поврзувањето на водоводната и електричната инсталација вклучително и поврзувањето на санитарните елементи и електричните апарати во бањата.

Но при изведувањето и поврзувањето на електричната инсталација тоа го направил без заземјување. Како резултат на неговата работа на 30-ти јуни 2013-та додека се бањал, починал дваесет годишниот Беким Кадриев. 

И покрај наредената  обдукција врз телот на момчето, тоа не е дозволено од страна на неговите родители. Според документ од Итната  помош, чиј лекар, кога било преземено  момчето, констатирал смрт како последица на струен удар. Претходно, во овој процес Муртезанов доби условна затворска казна, која Апелација  ја укина а во новото судење доби затворска ефеткивна казна.

loading...

Поврзани »

loading...

Се наградуваат најубаво украсен излог, двор и тераса

Општина Велес ќе додели награди за најуспешна празнична илуминација по повод новогодишните и Божиќните празници:

  • Најубав излог
  • Најубав двор
  • Најубава тераса.

Наградата е во паричен износ од 15.000 денари за секоја категорија.


Macedonian butterfly

Македонска пеперутка (Филигран од хартија) Уникатна врамена слика со македонски мотив. http://anicasoleva.com/Handmade/Product/macedonian-butterfly-paper-filigree-framed-picture

Posted by Anica Soleva - Уникатни подароци од хартија on Sunday, January 8, 2017


АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

На што ќе се греете зимава?

  • огревно дрво
  • пелети
  • нафта
  • ќумур
  • електирична енергија
Резултати