Заштити се,1-ви декември Светски ден на борбата од ХИВ-СИДА

Петар Печков

 СИДА-та  оваа година во Македонија   забележи најголем пораст, откако од 1987-та се бележи првиот случај. За годинашните  11 месеци забележани се  35 ново заболени. Во Велес во Центарот а јавно здравје има еден  нов регистриран случај. Годинава почина и еден  пациент  од СИДА.  Во градот има вкупно чети лица кои се ХИВ позитивни а досега починале годините наназад, вкупно  два пациенти.   

Единствен начин на заштита од  СИДА  е користење на кондом при сексуалните односи.  Зависниците од наркотици  пак  да употребуваат  нов  некористен  прибор. Како превентива одржуваме предавања кај средношколците, како критична група, која нема доволно познавања а лесно можат да влезат во овој круг   – вели епидемиологот   д-р Билјана Трајкова од Центарот за јавно здравје – Велес. 

Бројките во Македонија покажуваат дека во земјава има  310 случаи регистрирани од ХИВ СИДА. Индикативна е бројката што од нив  четири петтини се мажи 257 а само 53 се жени.  Во Велес сите четворица живи регистрирани се мажи.  Првиот случај е регистриран во 2005-та, кога тој и почина, повратник од странство.

Во Центарот за јавно здравје во Велес на располагање на граѓаните стои и бесплатниот СИДА тест кој е анонимен и дискретен. Годишно оваа услуга ја користат  повеќе од стотина велешани, најчесто лица на кој им треба потврда дека не се позитивни, за работа на брод, патување во друга земја, вадење бугарски пасош, работа во странство.

Вирусот не може да биде пренесен преку секојдневните социјални контакти, ниту преку животни. Синдромот на стекнат имунолошки дефицит или познат по француската кратенка СИДА е болест која претставува последен стадиум на ХИВ вирусот кој се карактеризира со прогресивно слабеење на имунолошкиот систем со што пациентите се подложени на голем број инфекции и тумори.

loading...

Поврзани »

loading...

Дежурство на аптеките (ЈУНИ)

АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

Каква е Вашата куповна моќ (на домаќинствата)?

  • го туркам цел месец
  • едвај сврзувам ден со ден
  • имаме за плаќање на давачките и храната и толку
  • работам, а не можам да истуркам една седмица
  • одлична, има за се
  • лоша
Резултати