За Коледе се палеа и млади садници и урбана опрема

Петар Печков

Коледарските огнови во Велес, направија штета на  општинскиот имот.  На две локации во градот, изгорени се млади садници и урбана опрема.    Во Градскиот парк, каде некој запалил коледарски оган, користел како материјал, пластика, шишиња но и млади садници. 

Вандалзимот во Градскиот парк продолжува. За време на Коледе, група несовесни граѓани, таму  запалиле оган и поради недостиг на дрва, користеле дел од засадените зимзелени дрвја. Откорнати се  и запалени пет садници - изјавија од ЈКП Дервен.   Така  од неодамна   засадените  40 нови млади  садници, останаа само  уште  четири, оти 31 претходно  беа украдени.

Во дворот на ОУ Васил Главинов пак уништена е дел од урабаната опрема. Изгорени се клупите за седење, поставени околу боровите. 

Еве што користеле коледарите за палење на огнот. И каде тие утре ќе седнат да одморат,кога ги искористиле овие клупи за оган. Жално  е што некои наши сограѓани немаат никаков однос кон градскиот имот,за кој сите плаќаме - велат соседите. 

Локалната власт на Велес не  ги забрани Коледарските огнови во градот, но забрани да се користи опасен отпад, пластични шишиња,  гуми, кабли.  

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати