За Питијадата потрошени 7 милиони денари, дел од училиштата без огрев

Петар Печков

На првата прес конференција на новиот градоначалник Аце Коцевски, сериозни обвинувања за работата на претходната  локална власт. Тој посочи повеќе примери каде и  како се трошеле народните пари.

Сериозни се проблемите со обезбедување на греење на општинската зграда и сите  подрачни министерства кои се таму.   Немаше навреме тендреска постапка по што  не е обезбедена навреме доволна количина на  огревен материјал –ќумур  и  дрва.  Проблемите се премостени ситуацијата. Имавме проблем со огрев во повеќе подрачни училишта во општината – Превалец, Раштани,  Бузалково и Клуковец . Не се обезбедени навреме и не можеме да обезбедиме, бидејќи сметката на училиштето  ОУ Васил Главинов е блокирана   заради долгови и навреме не` распишана теднерска постапка. Помогна една компанија, од Велес од каде позајмивме огревно дрво за да се надмине кризата а откако ќе се надмине проблемот, ќе го вратиме огревот.   Во спротивно требаше да ја прекинеме  наставата и да нема настава во повеќе училишта во градот.    Во ОУ Васил Главинов имаше дефект, отстранет е  на системот за греење и од денес затоплување  има.   Во средното училиште ,,Коле Неделковски,, имаше сериозен проблем и еколошки дури. Пукнала цевка  од излез од резервоар, кој е со големи  количини во тони, при што истече нафта во почвата  и  преку подземните води може да се загади околината на училиштето  и во  комплекс УЗУС. Нешто спасивме  од нафтата, голем дел од неа истече – истакна Коцевски. 

Годинашнава Питијада ги чини  граѓаните, даночни обврзници 7,1 милион денари. Тоа е преголема сума на пари и морам да  кажам дека тое е висока сума. Манифестација до година ќе продолжи ако  нејзината организација ја прифане Стопанска комора а  Општина Велес биде поддржувач да, никако организатор.  За угостителски услуги Општина Велес платила или ќе плати  571 илјади денари од кои 221 илјади денари само за еден угостителски  објект – Инбокс кафе. При тоа за луѓето кои биле на и околу сцената  биле потрошени пари за   400 чаши виски, 300 штокови, 400 вотки и други пијалаци. Лани за истата намена биле потрошени 70 илјади денари, годинава три пати повеќе.  Се сомневам за злоупотреби а парите се потрошени во изборната кампања. Сите сомнителни фактури се парафирани,иако  на ниту една нема потпис, доказ кои се лицата кои јаделе и пиеле, кој правел софра, кои биле гостите.      Така многумина, било кои се  честени , било на сметка на Општина Велес – кажа Коцевски.

Тој ги прецизираше долговите на Општина на  169 милиони денари – 2,75 милиони. Најголем дел биле  кон  ЈКП Дервен во висина од 87,6 милиони денари . Кон превозниците на учениците во основно и средно долговите биле     36,6 милиони денари. Кон фирми добавувачи од 30 милиони денари , 22,7 милиони денари се за извршени за градежни работи  а  неплатени, додека  7,8 за градежни зафати кои се во тек.  

loading...

Поврзани »

loading...
Macedonian butterfly

Македонска пеперутка (Филигран од хартија) Уникатна врамена слика со македонски мотив. http://anicasoleva.com/Handmade/Product/macedonian-butterfly-paper-filigree-framed-picture

Posted by Anica Soleva - Уникатни подароци од хартија on Sunday, January 8, 2017

Дежурство на аптеките (НОЕМВРИ)

АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com