За да дојдат туристи во Македонија потребна е стабилност и мир

Петар Печков

За да има повеќе туристи во една земја, основно е таа да има мир и стабилност. Ова им го кажа францускиот амбасадор во Македонија Кристиан Тимоние, на денешната Меѓународна конференција „Европски искуства за развој на туризмот,, , која се одржа во Велес.  На неа гости беа од француската област Алзас.  

Прво и најважно да се привлечат туристите, земјата да биде стабилна  и да дава мир и спокојство. Потоа  е значајно да се  знае да се истакнат сите богатства кој ги има земјата.    Потоа напредок на состојбата  со  животната средина, но и  од пречекот на  туристите. Ние како амбасада работиме на  ова, бидејќи  студија покажа дека  постојат сите сегменти за туризмот, но мора подобро да се вклопат – рече   Кристиан Тимоние Францускиот амбасадор во Македонија.  

Како дел од француската делегација која престојува во Велес, свои излагања пред присутните  имаа Пјер Рошем заменик – директор на Агенцијата за развој на туризмот на Долна Рајна и Катрин Гресбек експерт за рурален туризам од регионот Алзас .

Според бројките на Државниот завод за статистика во првите девет месеци годинава во Македонија дошле  6.657 Французи кои оствариле 13.270 ноќевања. Тоа е повеќе  од лани  кога имало  12.759 ноќевања од 6.231 посетители, но далеку од 2015-та со  17.284 ноќевања од 7.603 гости од Франција.      

Градоначалникот   на Велес Аце Коцевски и претседател на Вардарски Плански регион, изрази надеж дека Французите ќе бидат почести гости во Повардарјето, на винските рути, во руралните средини,  но и во Велес. 

Убаво е  кога можеме да слушнеме искуства, знаења  од Република Франција која има огромен број на туристи и  што треба ние во Македонија да  сториме  за да го развиваме туризмот, пред се винскиот и руралниот. И да знаеме како даги искористиме капацитетите и природните реткости и убавини кои не недостигаат  - рече Коцевски. 

Лани во Велес дошле 88  Французи како гости и оствариле  158 ноќевања.  Во Вардарски регион во 2015-та имало 228 посетители до Франција со 436 ноќевања, додека лани бројката е помала 137 гости со 181 ноќевање. 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати