За да има паркинг простор, се сруши напуштениот Диспанзер за белодробни болести

Петар Печков

Се  отстранува  објектот на поранешниот АТД Диспанзер за белодробни заболувања и на негово место локалната власт ќе гради паркинг простор, од времен карактер. За неколку дена зградата е срушена, останаа само уште подрумските простории.  

Парцелата на која се наоѓа зградата на Диспанзерот се адаптира во привремен паркинг простор, при што Велес ќе добие нов простор за паркирање за стотина возила, на површина од околу 1.200м2. Со оваа постапка делумно се решава недостатокот на паркинг места во новиот дел од градот, кој е густо населен и ќе го ублажиме проблемот со простор за паркирање - соопштија од Општина Велес.

Зградата на АТ Диспанзерот се наоѓаше на улица „Наум Наумовски Борче” и беше надвор од употреба од септември 2013-та година, поради лошите услови за работа.  Паркингот би бил времен се додека не се донесе новиот ГУП а потоа и  ДУП, оти  постојниот просторот се води како локација за здравствена намена а со промена на просторот, тука  би се градела катна гаража.

 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати