За да има ред во паркирањето, треба да се менуваат навиките, вели градоначалникот

Петар Печков

Најавата за започнување на зонското паркирање во Велес,  е носечка тема кај велешани. Остануваат неразјаснети прашања, дали таа во еден дел на градот ќе воведе ред а во друг дополнително ќе го отежне сообраќајот и живеењето. Дали има доволно простор за паркирање, за потребите на граѓаните кои доаѓаа во централното градско подрачје за да ги завршат за нив неопходните работи. Градоначалникот вели места има доволно.

Заради задоволување на потребите на возачите, во завршна фаза се плановите за изградба на катна гаража во близина на Агенцијата за вработување . Архитектонски факултет го завршува идејниот проект за подземна гаража под плоштад, каде сега е паркинг. Обезбедивме времен паркинг од десна страна од Мало мовче. Паркингот од другата, левата  страна е повеќе празен, отколку што е полн а тоа е во пазарни денови.  Мојот став е дека имаме доволно паркинг места во централното градско подрачје  но имаме лоши навики. Не сакаме да одиме пешки, туку сакаме со возилото да дојдеме до нотар, суд, банка, пошта. Треба да ги смениме нашите навики и тогаш нема да се чувствува проблемот со паркирањето - кажа градоначалникот Коцевски.  

На прашањето како градоначалникот планира да го реши проблемот со непрописното паркирање, кое веќе се случува во Дворови, позади Ликовен салон, кон училиштето Блаже Конески,  а по стартот на зонското ќе биде уште повеќе користено, иако   за  жителите на тие делови создава проблеми во нормалното живеење.

Тоа е очекувано. Тие што сакаат да избегнат плаќање на паркинг, ќе барат решение во блиските околни улички. Ќе бараме решенија благовремено,  за да не дојде до закршување на сообраќајот во тие делови - додаде Коцевски. 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати