За два дена две лица од велешко починати од последиците на ковид заразата

Петар Печков

За два дена двајца починати велешани позитивни на ковид-19. Вчера, четврток лице на 76 годишна возраст кој бил на лекување во Скопје а денес лице на 55 годишна возраст, жена од Горно Јаболчиште, која се лекувала на Инфективно одделение. 

Со ова бројот на починати лица, позитивни на ковид-19, поради последиците на корона вирусот во велешко се искачи  на 188 случаи.  Изминатите 24 часа во велешко има  16 нови случаи  позитивни на ковид-19 а оздравени се 12. Или бројот на активни  е  231 пациент.

„Вкупно во трите ковид одделенија од велешка болница  се хоспитализирани 68,  од кои  46 се потврдени позитивни, седум сомнителни  и 15 пациенти со негативен тест но задржани на болничко лекување. На кислородна поддршка се 38 пациенти“ - кажа д-р Елеонора Јованова портпарол на велешка Болница

На Инфективно  одделение згрижени се  43, во Модуларната болница 17 и на  Интерно осум. Испишани се двајца пациенти како оздравени со по еден негативен тест.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес

АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

Дали ќе гласате на локалните избори, закажани за 17-ти октомври?

  • да
  • не
  • уште не сум одлучил/а
Резултати