За два дена од викендот во Велес, осум лица позитивни на ковид-19, оздравени нема

Петар Печков

За два дена во велешко регистрирани се нови осум случаи на лица позитивни на ковид-19, а нема ниту еден оздравен. Ова се податоците од Министерството за здравство.

Во саботата, вчера,  имаше три случаи, два од нив беа жени кои веќе биле хоспитализирани на Инфективно одделение од Велешка Болница.  

Денес, недела има нови пет случаи, на лица со корона вирус. Со ова бројката на активни случаи според Министерството за здравство во велешко се искачи на 36 лица, досега биле заразени 309 а оздравени 258 и 15 починати.

На Инфективно одделение од велешката Болница има  хоспитализирано 18 пациенти, 17 се потврдено позитивни и за еден се чекаат резултати. Таму има пациенти освен од Велес, од Кавадарци, Неготино, Свети Николе и Делчево.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати