За жените мигрантки, од жените уметнички (фото)

Петар Печков

Вчеравечер, четврток,   во Ликовниот салон во Велес беше отворена изложбата ,,Фемиграции -уметност за правата на жените  бегалци,,. Со 21 дело се претставуваат исто толку авторки од Македонија, дела изработени во различни техники. Посветени и изработени за жените бегалки од кризните региони, кои храбро се впуштаат во неизвесноста во потрага по подобри услови за живот, македонските авторки преку уметност го  пренесуваат патешествието низ непознатото на женети од неколку држави од Африка и Азија.  

Делата преку ликовно -концептуалниот аспект, многу речовито, сугестивно, преку уметнички израз не потсетуваат на затвореноста, на ограничениот простор во кој мигрантот се наоѓал во својата татковина, а не ретко и на дестинациите каде минуваат или каде што пристигнуваат. Мигрантите секаде наидуваат на ограниченост во движењето што доста илустративно го пренесуваат авторките во своите дела, кои се затворени во кутии - кажа на отворањето Елица Николова историчар на уметноста  од Народен Музеј Велес.  

 Така присутните можат да ви видат влечалките на жена бегалец, украсите за коса од друга, дневникот на трета, жичаната ограда која им стои на патот, сите уметнички креирани. Делата се создадени во текот на колонија на авторките во Дојран. Изложбата е под кураторство на Ана Франговска и проект координација на  Нита Чаволи  преку проектот на УСАИД за заштита на правата на бегалците и мигрантите.

Преку делата го доживуваме патешествието на жената бегалка, преку очите на жената уметник. Ова е убав начин на градење на јавната свест. Уметниците преку разни изрази  и  техника  убаво, илустративно  го раскажаа животниот пат на мигрантите - рече Чаволи. 

loading...

Поврзани »

loading...

Macedonian butterfly

Македонска пеперутка (Филигран од хартија) Уникатна врамена слика со македонски мотив. http://anicasoleva.com/Handmade/Product/macedonian-butterfly-paper-filigree-framed-picture

Posted by Anica Soleva - Уникатни подароци од хартија on Sunday, January 8, 2017


АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

Дали ВАР технологијата воведена на ова СП во фудбал, придонесе тоа да биде поправедно?

  • да
  • не
  • не го следев СП
Резултати