За иднината на ГРК Борец

Петар Печков

Прес конференција на УО на ГРК Борец за финансиската состојба на клубот. Според првите луѓе таа е исклучително тешка и клубот е пред можно загаснување.  Тие даваат рок од седум дена, до кога градоначалникот Аце Коцевски треба да одговори што натаму со судбината на клубот.  

Во вакви финансиски услови е клубот, тој не може да се натпреварува во Супер лига. Бараме  помош од сите, од фирми, спонзори оти е во тешка состојба . А така е оти  Буџетот е многу намален. Во 2017 клубот имал 5,5 милиони денари а годинава е 1,5 милиони денари.  Со овие пари плаќаме играчи, судии, делегати, тренери, редари. Но и да подмируваме долгови кои ги наследивме во висина од 1,4 милиони денари. Лани за седум  месеци се потрошени 3,5 милиони денари.  Ние сега за седум месеци потрошивме 900 илјади од кои 250 илјади се враќање на долгови. За тие пари останавме во лигата. Должни сме на ракометарите три плати. Разговаравме со Маркард  а од таму по некое време кажаа дека одредена сума пари исплатиле за Општина. Тие беа наменети за Фестивалот Стоби. Бевме и на други места, но сите не одбиваат оти Борец е Градски Ракометен клуб и не можеме да дојдеме до пари. Со парите кои ги имаме како Буџет, се толку мали, што не можеме да функционираме.  Го повикувам градоначалникот да ја преиспита состојбата и да одговори што ќе правиме со клубот. Нека видат како работат други клубови во лигата  - изјави Ристе Велковски извршен директор на ГРК Борец.   

Долговите кои ги има клубот се кон ракометарите, УЈП, нотар,  бензинска пумпа за гориво. Моментално ГРК Борец има долг од 900 илјади денари.   На прес конференцијата присуствуваа и претставници на навивачката група ,,Гемиџии,,.

Клубот не може вака да функционира, оставам на градоначалникот да се изјасни како натаму. Со нас не сака да разговара, избегнува. Ние како навивачи немаме направено ниту еден проблем во градот. Се трудиме да придонесеме на секој можен начин за Борец. Не го оставаме ГРК Борец да згасне. Така беше кога претходната управа, си даде оставка. Две утакмици ние ги организиравме и го спасивме, додека не дојде сегашната управа - вели Дарко Тикваров член на навивачката група Гемиџии и на УО на ГРК Борец.    Тој и неговите двајца присутни колеги потенцираа дека немаат добиено ниту денар за работата која ја вршат во УО.

 Градоначалникот Аце Коцевски  ги упати да започнат кампања во бизнис секторот, оти постоела  законска можност фирмите наместо данок за добивка да уплатуваат за финансирање на врвен спорт.       

Како поддршка за спортски клубови годинава Буџетот има на располагање 5,6 милиони денари од кои за ГРК Борец се 1,5 милиони денари. Секој месец редовно се исплатуваат парите, заклучно со јули и не должиме ништо.  Кога би имало можност да дадам 10 милиони би дал. Нема аир и перспектива ако спортот се фокусира само на Буџетот. Не е добро што претходното раководство го регистрирал клубот како АД со 100 сопственост на градот, оти така се фаворизира еден клуб,  на штета на одбојкарскиот, кошаркарскиот, фудбалскиот.    Минатата недела пред членовите на Економскиот совет на Општина Велес, претставник на УЈП ги информираше за Законската  можност дел од Данокот на добивка, кој се плаќа на државата, наместо за државата да се плати како спонзорство. различен е процентот во зависност до спортот.   Така го запознавам бизнис секторот за да може да го помагаат спортот. Општината нема законска основа     да финансира врвен спорт, туку училиштен и   масовен спорт. Управата на ГРК Борец но и останатите ги насочувам да отидат во бизнис секторот таму да бараат средства, да започнат кампања - кажа градоначалникот на Велес Аце Коцевски.   

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати