За првиот мост во Велес

Петар Печков

Најстариот мост Велес го имал каде што и тогаш и денес е црквата Св. Јован или Маркова меана.  Тоа е запишано во текстовите на патеписните Христо Чочков и Васил К`нчов.   Во еден дел ќе го пренесам тоа што тие го запишале, за првиот мост во градот. 

Дел од  Велес  или Долни град  или Стари Град, како што двата патеписци го именуваат бил  на возвишението над манастирот Св. Димитрија, над вливот на Тополка во Вардар.

Таму и денес има остатоци од утврдувањето, камени ѕидини, што сведочат за населбата која таму постоела.  Тој град бил разорен 1385 од Турците заедно со мостот, кога е и преданието дека бил затрупан манастирот Св. Димитрија, откопан пет века подоцна. 

Населението од Стариот град се разбегало, но дел останале а мал дел заминале погоре, каде бил Дервенскиот поток и вливот во Вардар. Тогаш населението се пренесувало со кораби од едната на другата страна на градот. Мостот кој бил разурнат заедно со стариот град, бил под него и веднаш до Маркова меана. И денес се гледаат остатоци од камени блокови. И на другата страна   од реката Вардар имало некаков објект.

Според авторите на патописот зградата била некаков вид  на ,,врата на мостот,,.   Тие според Чочков и К`нчов се сведоците на најстариот мост во градот. Околу 1690-та година се јавило потреба од мост а не жителите да се превезуваат со сплав преку река. Но бидејќи Вардар кај Маркова меана бил брз и голем, не можело д се гради на старата позиција, Османлиите решиле да го изградат два км посеверно, каде веќе имало две кули стражарници (едната е денешниот Градски саат и ова е прв документ каде се споменува година кога  Градскиот саат постоел).

Тие служеле како чувари за  населението. Бидејќи тука Вардар бил поплиток и поширок, тука бил изграден мост долг 120 метри.   

И уште еден податок значаен за Велес и Стариот град.  Со годините луѓето оттаму се иселувале кон Велес.  По документите на  Христо Чочков и Васил К`нчов последна жителка била баба Ката од Карталовци во 1855-та година.  Колку за потсетување Турците му дале име на Велес Ќупурли или град на мостовите. 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати