За седум дена годинава завршија вакцините против грип

Петар Печков

Огромен интерес за вакцинација покажаа велешани годинава. Вакцините заклучно со денес, петок повеќе ги нема.  800 вакцини кои беа доделени на Центарот за јавно здравје Велес,завршија во средата.

Потоа биле повлечени  50-тина од центрите во Кавадарци И Гевгелија, но и тие завршиле за кратко, па така вакцини против грип во Велес повеќе нема.  Од Центарот за јавно здравје не  можат да кажат, зошто велешани навалија да се вакцинираат против грип, оти до пред две години вакцините остануваа, не се трошеа. 

 Овие вакцини  се требувани од минатата зима и не можевме ништо  да преземеме. За  следната ќе порачаме   повеќе – изјави директорот Тони  Димитриев.

Минатата година вакцината заврши за осум дена, годинава за еден ден помалку.

Вакцината чинеше 400 денари и е изработена  од фирмата АБОТ од Холандија.  Ова е тротипна вакцина, која содржи три вида на вируси – Х3Н2- сезонски грип кој го има на Северната Земјина хемисфера, Х1Н1 –познат како свински грип и тип ,,Б,,.

Вакцината заштитува од овие три вида на грип кои се најчести и предизвикаат најтешки клинички слики. Вакцинација започна на 18-ти септември а заврши со 27-ми октомври. 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати