За седум месеци во контејнерите, велешани фрлија 9 тони стакло

Петар Печков

Пилот активностите за собирање на отпадно стакло започнаа на 1-ви ноември минатата година. Се спроведуваат со помош на ,,Пакомак,, кој лани  подари 10 контејнери.   

Во нив заклучно со 31 мај годинава  собрани и предадени на ПАКОМАК се 9.300кг. отпадно стакло-шишиња и тегли. Или во бројки тоа се повеќе од 31 илјади шишиња и тегли. Задоволни од соработката тие пред извесен период  на Општина Велес и подарија нови 20 специјализирани контејнери за стакло, кои наскоро ќе бидат поставени на јавните фреквентни површини во градот.

Локалната власт  апелира до граѓаните да ги користат контејнерите исклучиво за селекција на отпадно стакло (шишиња и тегли)  со што ќе придонесат за селектирањето и рециклирањето на комуналниот отпад и заштитата на животната средина.

loading...

Поврзани »

loading...


АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

Дали честите акциски контроли на сообраќајната полиција, изминатите два месеци, воведоа ред во однесувањето на возачите и пешаците?

  • да
  • не
Резултати