За сообраќајката пред ПАБ

Петар Печков

Сообраќајката која се случи пред ПАБ на 5-ти април, предизвика голем интерес во јавноста во градот. Таа зборуваше за бркотници,  искршени стакла од автомобил а полицијата информираше дека лицето А. С. (28 год)   со фолсваген голф удрил пешак на пешачки премин.  По ова полициско соопштение се јави Аце Славевски, кој даде негово  објаснување, што се случувало критичниот момент. 

 Случајот пред ПАБ беше како во филм. Како што возев со мојот автомобил по главната улица видов како трчаа луѓе. Се стрчаа кон мене, дури подоцна разбрав дека се инспектори во полиција. Откако стигнаа до мене брутално бев нападнат, физички. Го искршија стаклото, потоа бев тепан на главната улица без повод.  Поточно бев претепан од тогаш за мене непознати лица, реков подоцна дознав дека се инспектори. Тие не се легитимираа,  и кога ме удираа јас го испуштив воланот и ја удрив жената . Таа беше невин човек која настрада по туѓа вина, никако моја. Ме изнесоа од колата и продолжија да ме тепаат.   Случајот го пријавив во внатрешната контрола на МВР. Подоцна дознав дека тие биле со сомнение дека јас  сум носел дрога. По извршениот претрес на колата ништо не е пронајдено кај мене и во колата . Два пати ме носеа во Скопје , ме снимаа на рентген ништо не пронајдоа и тоа два пати иако е дозволено еднаш на шест месеци снимање.  Здравствените проблеми и по толку минати денови уште ги чувствувам, имам лекарско со сериозни повреди на глава, мозок, повреди по телото, повраќав.   Јас сум имал судир со Законот  и најеверојатно поради моето минато ми се случува ова, но никако не го оправдува чинот од кој верувам дека сите присутни таму силно се вознемирија - рече Славевски. 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати