За фемицид во Кавадарци, судот му изрече казна затвор од 16 години на обвинетиот Панов, кој ја задавил партнерката

Петар Печков


Кавадарчанецот Илија Панов (43 год)  викан Јапан, доби 16 години затвор, откако  претседателот на кривичниот совет, судијата Зоран Јосифовски од Основен суд Кавадарци,  го прогласи за виновен за  кривичното дело убиство, сторено со умисла.  На Панов му е продолжен  притворот се до правосилноста на пресудата.  

Тој се гони оти   на неутврден момент меѓу 20  и 22 јануари годинава, при вршење семејно насилство, ја лишил од живот вонбрачна партнерка Сузана Серенакова (52 год) исто така од Кавадарци. Делото го извршил во станот во кој престојувала партнерката на улицата „Ѓуро Салај“ во Кавадарци, каде таа била пронајдена мртва од страна на ќерка и. 

Вештачењето  на лекарите психијатри  над обвинетиот, кој бил регистриран нарко зависник,   покажало дека тој бил свесен за своето дело, насилно и ги затворил носот и устата на партнерката, предизвикувајќи задушување и смрт. Според вештите лица тој бил со асоцијален развој, регистриран уште од млада возраст, неговото однесување било проблематично, со низок праг на толеранција.  

Обвинетиот Панов не го призна делото во судскиот процес, туку тврдеше  дека некој друг е сторител,   а тој бил кај пријател  на друга локација во критичниот момент.  На облеката и под ноктите од двете раце на убиената Серенакова, била пронајдена ДНК  единствено од  Панов. Раните по телото на Серенакова покажувале дека се одбранбени, добиени при нападот врз неа и се од  сторителот.  

Според бранителот  адвокат Живко Ајтов, методите на докторите кои биле користени при вештачењето, биле добиени по застарени методи и не биле релевантни.  Пресудата не е правосилна, странките во предметот имаат право на жалба до Апелација.

Поврзани »

Експанда ДООЕЛ

ПРОДАЖЕН ЕКСПЕРТ
Локација: Велес
Број на работни места: 2

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали имаше реални попусти за „црниот петок“?

  • да
  • не
  • зависи од дуќанот
Резултати