За 2,6 кг марихуана по 2,5 години затвор

Петар Печков

Двајца државјани на Република Албанија се  спогодија со обвинителството   и добија  по 2,5 години затвор.

Семи Сала (25 год)  и и Кукли Кувеис (20 год) беа фатени како превезуваат 2,6 кг марихуана, па се товареа за сторенo кривичнo делo ,,неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни  супстанци и прекурсори’’.

По ова ја признале вината, се спогодиле со Јавното обвинителство Велес  и добиле затворска казна, која ја потврдил судија во Основен суд Велес.  Двајцата жители на градот Котодеш од  Албанија  на  6-ти ноември лани,   биле открени од страна на полициска патрола околу 5 часот во близина на  во село Николиќ кај  Дојран.

Откако патролен тим од полициски службеници, им дал знак да застанат, обвинетите кои биле во возило „Опел Зафира“,  побегнале  во споредна улица во село Николиќ. По организираната потрага на терен, Сала и Кувеис  биле лишени од слобода а во возилото биле пронајдени 2672,4 грама марихуана, којашто била набавена во Елбасан, Албанија. 

Истата според нивен исказ во истрага   требало да ја транспортираат за паричен надомест од 780 евра.    Сала и Кувеис освен што   ќе лежат затвор по 2,5 гдоини протерани се доживотно од Република Македонија.

loading...

Поврзани »

loading...

Macedonian butterfly

Македонска пеперутка (Филигран од хартија) Уникатна врамена слика со македонски мотив. http://anicasoleva.com/Handmade/Product/macedonian-butterfly-paper-filigree-framed-picture

Posted by Anica Soleva - Уникатни подароци од хартија on Sunday, January 8, 2017


АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

Дали ВАР технологијата воведена на ова СП во фудбал, придонесе тоа да биде поправедно?

  • да
  • не
  • не го следев СП
Резултати