За 65 години работа низ Извидничкиот одред ,,Димитар Влахов,, минаа 37 илјади млади велешани

Петар Печков

Извидничкиот одред ,,Димитар Влахов,, ја одбележа 65-тата година од  постоењето. Тоа е најстариот  извиднички одред во земјава. По тој повод во салата ,,Бели Мугри се   одржа свечена академија, пред многу гости извидници од земјава, пријатели на одредот, негови постари членови.   Домаќините, раковдството се пофали се` се што сработеле изминатите шест и пол децении, како помогнале во животот  на велешани  и градот. 

Извидниците за овие 65 години имаат реализирано многу работи за општина Велес така и за Општина Чашка. Тоа се 32 средби на извидници, повеќе од  половина се меѓународни. Работата на одредот се одликува и со издвачка дејност, прирачници, памфлети кои  помагаат   во работа а на  извиднците и во одредот и во Македонија. Создадовме химна, со што го зајакнавме  идендитетот на  одредот. Низ него минаа 37 илјади млади велешани,  и очекувам дека ќе имаме нов прилив со што младите ќе пркосат на модерниот начин на  живот. Активностите и животот во  природа се доволен поттик младите да пристапат кон извидништвото - рече старешината  Бојан Миклош. 

Тој потсети дека  имаат свој извиднички дом во село Голозинци, кој максимално се користи, за средби, обуки, натпревари, дружења, семинари, кампови.  Екипи на одредот редовно се натпреваруваат на извиднички средби, и во Македонија и во странство и според Миклош секогаш се  враќаат со награди. На оваа свеченост се одбележаа и 20 години од збратимувањето со Извидничкиот ордед ,,Миа Станимировиќ,, од Ниш  - Србија.   Во Македонија извидништвото  е во подем. 

На наша среќа,  последниве 5-6 години Македонија  барем во Европа е хит организација, бележи многу добар развој и напредок, што е  исклучок од другиет сојузи. Зборувам за оние од Балканот и Источна Европа.  Сојузот на  извидници на Македонија последните години не само што се развива по големина по број на членови,  има и нови одреди во региони каде што претходно ги немало -кажа  велешанецот  Јордан Бајрактаров   со 33 годишен стаж на извидник  и директор  за организациски развој  на Светска скаутска организација.   

Водилка поради коај се вклучива јас и остантатите беше дружењето со младите. Тогашните начини на дружење не беа на   сегашното современо дружење.  Тогаш беа со директен контакт, излегување во  природа, во околината на Велес, па   одевме и подалеку. Ние како ИО Димитар  Влахов го формиравме Извидничкиот Центар во Охрид во 1958.  Останувавме таму и по две три  смени. Учестувавме и на многу натпреври -смотри низ Југославија, Блед, Бечеј,  Пале кај  Сараево,  Ниш,  Жупања- Хрватска. Тоа беше вистинско дружење. Спомените ми  будат чувиство на време кое не се повторува. Условите биле тогаш различни, личен  контакт,  комуникација,  најбитно беше дружењето,   за разлика од сега. Тоа е неповторливо. Памтам од Велес кон Маврово со помош на ориентација, ама наместо во едно село стасавме во друго. Но ентузијазмот и младоста го правеа своето - рече  Ане Маџаров кој во одредот се вклучил со работа по две години од неговото основање на  13 годишна возраст.

Овој настан за мене беше многу пријатен, бидејќи   оваа организација  е една од тие каде што  младите се уште се организирани, се дружат. Мојот успех во  животот е од извидништвото, таму  се оформив, се социјализирав, се создадов како човек. Многу ми беше драго кога видов полна сала. Старешинството на  одредот направи  голема работа што ги задржа своите членови, се активираа по училиштата и со тоа децата не се на улица, се дружат,  учат извиднички вештини, работи кои ќе им бидат потребни во животот. Извидништвото ме враќа во младоста,  ми буди прекрасни спомени, кога се дружевме  и сите бевме исти, немаше поделби како сега . На кампувањето на Чеплес, Бреза, во центарот Братство  и единство во Охрид - изјави  Јанко  Атанасов, кој е  извидинк од 1977- година, кога бил прва година  во  Гимназија.  

loading...

Поврзани »

loading...

Ронтис вработува 20 оператори во производство

Швајцарската мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала РОНТИС, заради зголемување на својот постоечки капацитет во фабриката во Велес, има потреба да вработи:

20 (дваесет) Оператори во производство

Детали

Macedonian butterfly

Македонска пеперутка (Филигран од хартија) Уникатна врамена слика со македонски мотив. http://anicasoleva.com/Handmade/Product/macedonian-butterfly-paper-filigree-framed-picture

Posted by Anica Soleva - Уникатни подароци од хартија on Sunday, January 8, 2017


АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

Дали ВАР технологијата воведена на ова СП во фудбал, придонесе тоа да биде поправедно?

  • да
  • не
  • не го следев СП
Резултати